Категории

Славната пејачка го роди своето прво дете на 44-годишна возраст!

Натали Имбрулија го роди своето прво дете на 44. години зачнато со ин витро со помош на анонимен донор. Австралиската пејачка која во деведесеттите се прослави со хитот „Торн“ среќните вести ги сподели со своите следбеници на Инстаграм.

„Моето срце ќе препукне, моето момче“, напишала таа во описот на фотографијата на која ја држи раката на својот наследник. Фоотграфијата за кратко време добила повеќе од 60.000 лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by natalie_imbruglia (@natalie_imbruglia) on


Гордата мајка открила дека нејзиниот син се вика Макс Валентајн Имбрулија.