Категории

Сон на секоја жена: Погледнете како изгледаат новите сандали со три различни потпетици (видео)

Mime et moi се сандали на истоимениот германски стартап, коишто одат со три потпетици со различна висина.

Иновативните сандали имаат посебен механизам со којшто многу лесно може да се направи промена на потпетицата. На пример, наутро се поставуваат ниските потпетици, а за вечерно излегување на истата платформа може да се постават високите потпетици, коишто се исклучително елегантни.

Потпетиците што одат во комплетот се на висина од 3,7 и 10 сантиметри. На дамите што ќе ги одберат овие сандали, на располагање им стојат повеќе бои и материјали.

Цените на сандалите се движат од 175 до 205 евра.

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
403
Ознаки:
· ·
Објавено на:
29.01.2017