Категории

Сончањето е благодет за здравјето ако ги следите овие правила

Доколку се сончате со сите мерки за претпазливост, можете да имате благодети за целокупниот организам

Сончањето без соодветна заштита може да ви создаде големи здравствени проблеми. Во спротивно доколку ги почитувате сите мерки за претпазливост, може да имате благодети за целокупниот организам.

Познато е дека сончевите зраци го поттикнуваат производството на витамин Д, чиј дефицит доведува до остеопороза, но и до одредени видови на рак. Сончањето ги ублажува симптомите на псоријаза, егзем и некои форми на акни.. Најдобри резултати во лечењето на псоријаза се постигнуваат со комбинација на сончање и капење во морска вода.

Сонцето го зајакнува имунитетот, но и го поттикнува производството на серотонин и ендорфин, хормон кој „лечи“ анксиозност и депресија и го поправа расположението. Сончевите зраци ја стимулираат работата на штитната жлезда и го подобруваат лачењето на инсулин, додека го смалуваат лачењето на мелатонин.

Правила кои треба да ги знаете при изложување на сонце:

-Секогаш кога излегувате на сонце, користете производ со заштитен фактор особено помеѓу 10-17 часот а заштитата нанесете ја половина час пред изложување на сонце.

-Доколку сте на сонце цел ден, на секои два часа повторно нанесувајте средство со заштитен фактор. Кремата нанесувајте ја и после капење или интензивно потење.

-Доколку порано сте изгореле, посветете големо внимание при заштитата затоа што имате два пати поголем ризик за развој на меланом.

-Нанесувајте поголема количина на производ со заштитен фактор на местата каде што имате флеки, пеги и бенки.

-Природно русите и светлокоси луѓе како и оние со светли очи се поподложни во развојот на меланом.

УВ зрачењето доста брзо делува на нашата кожа. Само неколку минути изложување на сонце е доволно за настанување на пигментација. Исто така и за синтеза на витаминот Д во нашта кожа се потребни пет минути дневно.