Категории

Соочете се со своите стравови и победете ги успешно со помош на овие совети!

Процесот при соочување со стравовите се нарекува изложеност. Изложеноста подразбира постепено и повеќекратно соочување со ситуации кои ве плашат додека не почнете да се чувствувате помалку анксиозно. Изложувањето не е опасно и нема да го зголеми стравот. А по некое време анксиозноста драстично ќе се намали.

Чекор 1. Направете листа

Направете листа на ситуации, места или објекти од кои се плашите. На пример, доколку се плашите од кучиња, листата може да вклучува: гледање слики од кучиња, стоење недалеку од куче. Ако се плашите од социјални ситуации, списокот може да вклучува: кажете му „здраво“ на соработникот, прашајте некој непознат човек на улица нешто, поразговарајте со благајникот или слушнете се со пријател на телефон.

Совет: Некои луѓе имаат многу различни стравови, кои можат да бидат тешки и специфични, како на пример страв од висина или смрт. Направете различни листи на темата страв.

Чекор 2. Направете скала од своите стравови

Кога ќе го направите списокот, поредете ги стравовите на скала од 1 до 10, од најмалку страшни до најстрашни.

Совет: Кога ќе ја правите скалата на стравови, идентификувате ја одредената цел. Ако имате многу различни стравови, направете одвоени скалила за секоја тема. Важно е да започнете да преземате чекори.

Чекор 3. Наградете го доброто однесување

Не е лесно да се соочите со стравовите. Наградете се себеси кога ќе го направите тоа. Можеби ќе биде добро да користите специфични информации како мотивација за постигнување на целта. На пример, купување на посебен подарок или учество во некоја забавна активност (кино, ручек или вечера). Не ја заборавајте моќта на позитивната самодоверба и самоборењето.

Совет: Не се обесхрабрувајте доколку почнат стравовите да се враќаат. Тоа може да се случи од време на време, особено при стресни периоди или поголеми промени (на пример, започнување нова работа или преселба). Ова е нормално. Тоа само значи дека мора да започнете со вежбање. Запомнете, соочувањето со анксиозноста е доживотен процес. Колку порано почнете да се соочувате со стравовите, толку побргу ќе ги совладате.