Категории

Состојба на нови случаи на КОВИД -19 во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, 6 испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – 9, Прилеп – 9, Тетово – 4, Струга -2, Велес – 12, Битола – 2, Македонски Брод -2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1170. По завршување на епидемилошките анкети, едно претходно потврдено лице во Битола е со жителство во Демир Хисар, а едно во Скопје е со жителство во Куманово и согласно ова последната дистрибуција по градови е:
 Скопје – 401
 Куманово – 320
 Дебар – 51
 Штип-32
 Прилеп –112
 Тетово – 52
 Струга – 55
 Велес – 55
 Битола –17
 Охрид –7
 Кавадарци – 4
 Гостивар –12
 Гевгелија – 4
 Струмица – 2
 Крива Паланка-4
 Радовиш – 4
 Крушево – 3
 Кочани – 26
 Пробиштип – 2
 Кичево – 2
 Неготино -2
 Демир Хисар – 1
 Македонски Брод -2

Во изминатото деноноќие направени се 697 теста. Преку ИЈЗ –493, преку Ветеринарен ф-тет -15 , Авицена –8, Биотек –0 и Филип Втори (Жан Митрев) – 120 и Систина со PCR метода – 61 . Досега во земјата се направени вкупно 11556 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје, примени се 3 пациенти од Прилеп, Куманово и Скопје во потешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 52, од кои 16 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ до утрово се примени 5 нови пациенти, со што во моментов во оваа болница се лекува 41 пациент. На респираторна машина се приклучени 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти потврдени и суспектни на вирусот, од нив 3 се на кислородна поддршка. На 5 пациенти (3 на болничко лекување и 2 кои се лекуваат во домашни услови), по првиот негативен тест, вчера е земен и втор контролен брис. На домашно лекување се следат уште 13 пациенти.
Во штипската болница е примена една пациентка и во моментов се хоспитализирани вкупно 9, сите во стабилна состојба. Преку болницата во Штип се следат уште 19 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.

Прегледи:
798
Објавено на:
18.04.2020