Категории

Совети од дизајнерите на ентериер: На овој начин домот ќе ви изгледа поелегантен

Ентериерот секогаш го прикажува карактерот на сопственикот, а неколку клучни детали го чинат актуелен. Познатите дизајнери откриваат кои трендови ќе ја одбележат оваа година.

Монохроматски дизајн

Луѓето се повеќе бараат едноставност и мир во својот животен простор, а наведеното најлесно се постигнува со користење бои, бирање мебел и предмети во идентични нијанси. Многу дизајнери прогнозираат голема популарност на монохроматското уредување на животниот простор.


Впечатливи светилки

Ова е идеално време класичните светилки да ги замените со впечатливи модели, на пример, со плисиран дизајн.


Заоблени софи

Моделот на заоблена софа е трендовска алтернатива на стандарните седечки гарнитури во L облик и остри линии. Освен што изгледаат одлично од секој агол. За заоблените софи, кои инспирацијата ја црпат од 70-тите години, се прогнозира голем успех следната година.


Црн метал и темни нијанси на оревово дрво

Бронзените и розево-златните елементи во просторот ќе бидат заменети со црни и темни метали. Темните нијанси кои го красат дрвото од орев ќе ги привлече љубителите на традиционалното и рустично уредување на ентериерот.


Софи и столици со силни бои

Иако повеќето дизајнери предложуваат поголемиот дел од мебелот во домот да биде во неутрални нијанси, се поголем е интересот за софи во силни бои и столици со геометриски дизајн.

Прегледи:
577
Објавено на:
13.03.2018