Како полесно да ја расчешлате мократа коса и да го спречите нејзиното оштетување
Ако чешлате мокра коса, таа се растегнува, се крши и се заплеткува. Тоа се одразува негативно на нејзиниот изглед, волуменот се намалува и краевите почнуваат да пукаат.
Фризерите препорачуваат да не се чешла косата се додека е сеуште доста мокра, во најдобар случај да бидете особено внимателни и да користите чешел кој е наменет за расчешлување на мокра коса.
Употребата на балзам, регенератор или маска помага во полесно расчешлување на косата и намалување на оштетувањето.
Совет:
После миењето на косата, заврзете ја во пешкир и оставете 5-10 минути. За тоа време ткаенината го апсорбира вишокот влага а потоа раздвојте ја косата со прстите.
Користете чешел со широки запци. Чешлајте на полумокра коса. Користете спреј за полесно расчешлување и внимателно чешлајте ги прво врвовите а потоа од коренот па се до краевите.