Категории

Совети за секоја вредна жена

kadin-kariyer-ofis

Kога ќе завршите со работа и ќе дојдете дома, сè што се случувало на Вашето работно место треба таму и да остане. По работата треба да се одморите, а не веднаш да почнете да правите ручек или да чистите.

#Еден час пред крајот работниот ден направете листа на работи кои ги завршивте успешно и работи кои не успеавте да ги завршите на време. Завршете ги задачите кои не можат да се одложат, а остатокот оставете го за утре.

#Ако денот бил навистина напорен не одете на кафе со пријателките, не одете никаде освен ако не се работи за масажа кај професионалец. Напорниот ден бара одмор во најинтимното место, а тоа е секако Вашиот дом.

3-Koe-e-najdobroto-vreme-za-seks-koktel-dremka-uchenje-www.kafepauza.mk_

#Кога ќе пристигнете дома пред да направите било што, легнете на каучот, барем неколку минути затворете ги очите и дишете длабоко. Не размислувајте за ручек, обврски, вежбање… Овие неколку минути нема да сменат ништо, а ќе ви значат многу.

#На многумина им помага туширање или лежење во када 15-на минути. Тивка музика или добра книга ќе ве спасат од стресот.

#Доколку сте имале многу напорен ден, не гответе. Подобро каснете некое овошје или зеленчук или дозволете си да нарачате храна.

#Опуштете се со шолја чај од камилица и мирис на лаванда. Читајте книга која ќе го подобри вашето расположение.

tea_pot

#Вашиот партнер нека Ви ги измасира стапалата.

#Барем половина час дозволете си да отспиете.

#После краткиот одмор играјте си со Вашите домашни миленици или со Вашите деца. Раскажувајте приказни, смејте се. Тоа ќе Ве расположи и ќе Ви ги наполни батериите за наредниот напорен ден.

bigstockphoto_Woman_And_Kids_Playing_With_Ba_3476882

Прегледи:
444
Објавено на:
30.06.2016