Категории

“СПОМЕНИ” – НОВ СИНГЛ И ВИДЕО НА ГОРАН ПАПАЗ И ТАНЧЕ ГРОЗДАНОВСКИ, НОВ ПРОЕКТ НА МАКЕДОНСКАТА СЦЕНА

Спомени е новиот сингл и воедно најава, за новиот проект на дуото Горан Папаз и Танче Гроздановски. Се работи за емотивна и елегична мелодија која е инспирирана од убавите моменти кои им се случувале во минатото, на двајцата музичари.

Отсвирена е само од саксофон и гитара. Автор на музиката е Горан Папаз а за аранжманот и продукцијата се погрижи Танче Гроздановски. Папаз и Танче со полна пареа госпремаат новиот проект кој ќе носи наслов “Елегија”, на истиот ќе се најдат десетина композиции, авторски и преработки на изворни елегични македонски песни.

Албумот треба да биде готов ова лето, на него на пијано ќе гостува маестро Иван Еминовиќ, диригент при Македонска Опера и Балет. Видеото е изработено од страна на Мега Продукција, под режисерската палка на Ѓоко Наумовски, а во него се појавува Наташа Попоска Карче која ја оплеменува целата приказна.

“За новиот проект “Елегија” има голем интерес од балканските музички продукции, со неколку веќе сме во преговори па најверојатно во текот на наредната недела ќе имаме и официјално потпишан договор” – Горан Папаз.