Категории

Спреј за природни бранови на косата како од плажа

Прекрасната фризура која ви ја прави сонцето и солта кога сте на плажа сега можете да ја направите и сами и без да бидете на море, а за тоа ви се потребни само состојќи од вашата кујна.

Брановидната коса која изгледа како штотуку да сте излегле од вода е хит веќе неколку сезони. Оваа женствена и романтична фризура е совршена за секаква прилика, од дневен опуштен до вечерен елегантен изглед.
За овој домашен спреј потребно ви е вода, гел од алое вера, морска сол и шише со пумпа.
Погледнете го видео туторијалот подолу и следете ги чекорите за да го подготвите овој спреј кој ќе ви даде прекрасен изглед на вашата коса во секое време.

Прегледи:
509
Објавено на:
22.05.2017