Категории

СреќаНаДенот: Пет битолчанки кои го победија ракот, го освојуваат Пелистер

Петте битолчанки Катерина Петровска, Даниела Героска, Вера Огненова, Анета Петковска и Горица Митковска, членови на здружението „Одраз“, жени кои што се оперирани од канцер,  на 11 октомври ,,Денот на народното востание” со џип се искачија до Антена, на Пелистер. На возрасат се од 30 до 60 години и освен што се впуштија во оваа џип авантура, со ова се преклучија кон одбележувањето на месецот посветен на борба против ракот на дојка.

 

Авантурата и доживувањето го споделија со нас. Катерина Петровска вели „Кога се сака се се може. Можевме ние….Верувајте можете и вие да се впуштите во ваква авантура.”  Вели дека си исполнила уште една нејзина цел, да се искачи со џип тура до Антена на Пелистер.

Раскажува дека и таа се фотографирала пред спомен плочата на Димитар Илиевски Мурато како тоа што го прават многумина битолчани. Направиле тура од Антена преку малото Езеро па до Големо Езеро .

„Нашата Баба планина со врвот Пелистер и другите врвови е нешто кое што нетреба да го пропуштите, а ние од Здружението „Одраз“, наредниот пат ќе бидеме во поголем број. Кога се сака се се може. Можевме ние….Верувајте можете и вие да се впуштите во ваква авантура, и верувајте нема да зажалите“, вели во постот Катерина Петровска.

Инаку Катерина Петровска беше дел од тетарската претстава на режисерката Софија Ристевска, која беше создадена од документирани текстови на жени болни од рак во Битола. Од 2014та година, во Хотел Театар, Битола, функционира здружението за поддршка на жени болни од рак – ОДРАЗ, во чиишто рамки учествувале жени болни од рак, коишто ја преживеале болеста или сеуште се борат со неа.

Големо БРАВО за овие наши жени херои!

Извор: https://tera.mk/