Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 13. МАРТ 2020 ГОДИНА

Интуицијата на Овенот е на завидно ниво, Девицата има силна волја за остварување на целите, Јарците не треба да ги идеализираат околностите.

Овен 

Вашата интуиција е на завидно ниво. Успевате да ги сфатите пошироките рамки на вашето опкружување. Оваа луцидност ве става во позиција совршено да ја процените вашата ситуација. Сите одлуки донесени денес, ќе бидат продуктивни. Партнерот ве поддржува, а вие сте емотивно стабилни.

Бик

Малку подоцна во текот на денот ќе сфатите дека некои постапки во вашата емотивна врска сте ги направиле погрешно. Паметно би било веднаш да преземете мерки за корегирање на ситуацијата, наместо да истраете на личниот пропуст. Немојте да поставувате дополнителни прашања кои немаат никаква врска со она што се случува.

Близнаци

Немојте да барате потврдување или одобрување од страна на другите! Денес некои од вас ќе бидат школски пример за личност која не си верува доволно себеси. Морате да сфатите дека најбрзиот и најефективен начин да бидете среќни е да бидете исполнети со себе како личност. На тој начин ќе успеете правилно да ги поставите работите во сите сфери од животот.

Рак

Интензивно размислувате за некои разговори кои се случуваа во минатиот ден. Можеби сте во право, а можеби не. Би требало повторно да размислите околу проблематичните прашања, но ќе биде многу важно правилно да ги проценувате работите и да ги контролирате своите емоции.

Лав

Бидете внимателни во односот со вашите колеги, затоа што би можеле да бидете предизвикани од некого. Освен ако не чувствувате одговорност и не сте лично засегнати, можете слободно да се издигнете над ситуацијата и лежерно да се посветите на својата работа.

Девица

Имате многу силна волја и подготвени сте за нови остварувања, но кога се работи за некои проекти или планови кои не ви се допаѓаат, знаете да ги игнорирате или да им ги препуштите на другите. Подобро би било да се вложите, затоа што нема да можете да пронајдете изговор кога ќе ве нападнат дека работите само за резултати.

Вага

Некои планови и проекти не се одвиваат во саканата насока и тоа ве иритира. Немојте премногу да запнувате или грчевито да се држите за своите ставови, затоа што ќе завршите со многу повеќе отколку што можете да поднесете. Бидете практични и прилагодливи.

Шкорпија
Секоја постапка на партнерот ќе ги дразни вашите нерви. Можеби сето тоа укажува на некои хронични проблеми, но денес не сте во состојба правилно да ја процените ситуацијата.

Стрелец

Можеби ќе бидете збунети од некои акции на одредена личност која е поискусна од вас или е во положба на авторитет. Ова се должи на недостаток на разбирање или погрешно толкување на нештата. Нема потреба да се грижите.

Јарец

Желбите се едно, а можностите сосема друго. Немојте премногу да мечтаете и да ги идеализирате работите, туку барајте реални рамки за подобрување. Бидете благодарни за она што го имате и довлно мудри за да го зачувате. Немојте да се фрустрирате за она што засега е надвор од вашиот дофат. Цените го она што го имате.

Водолија

Без оглед на тоа што мислат другите за вашите постапки и однесувања, нема да им дозволите да ве стават во инфериорна положба и сигурни сте дека сте постапиле на правилен начин. Би можеле да избегнете некои непријатни моменти ако се воздржите од реакции. Подоцна ќе сфатите дека сепак среќата е на ваша страна.

Риби

Денес ќе бидете расположени за флерт и ќе бидете отворени за секаков вид на комуникација. Имате потреба да се сретнете со блиските пријатели и да уживате во заеднички поминатото време. Извесни се недоразбирања и конфликти со некој од најблиските членови на семејството.

Прегледи:
848
Објавено на:
12.03.2020