Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 15. ЈАНУАРИ 2020 ГОДИНА

Лавот е чувствителен, Овенот сомничав, Бикот е во кавга, Вагата е несреќна, Девицата загрижена.

ОВЕН

Конечно ќе бидете задоволни со деловната ситуација. Доаѓа фаза во која ќе имате можност да видите дека целиот ваш труд вредел. Иако покажувате дека ја сакате личноста со која сте во врска, таа се сомнева. Спортувајте!

БИК

Денешниот ден е многу поволен за работа. Може да очекувате дека ќе успеете да завршите сѐ на време. Во вашата врска доаѓа до некои недоразбирања кои би можеле да ве пореметат. Имате чувство дека партнерот се менува. Чувајте ги бубрезите.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекуваат многу предизвици кои би можеле да ви донесат деловни дилеми и недоразбирања. Не чувствувате повеќе иста доза љубов кон саканата личност и забележувате дека се оддалечувате од неа. Проблеми со урогениталниот тракт.

РАК

Чувствувате големо олеснување бидејќи проблемите на деловно поле конечно позитивно се решаваат. Моменталната ситуација на љубовно поле не ви се допаѓа и не сте задоволни со околностите во кои се наоѓате. Имунитетот ви е ослабнат.

ЛАВ

Додека не раскрстите со она што останало недовршено на деловно поле во минатото, нема да бидете стабилни. Ситуацијата на љубовно поле би можела да ве загрижува, односот со партнерот не е баш најдобар. Направете рутински кардиоваскуларен преглед.

ДЕВИЦА

Може да дојде до помали компликации на вашето работно место денес. Загрижени сте поради најразличните препреки. Иако не сте подготвени за нова врска, имате додворувач кој е многу упорен. Не сте сигурни како да постапите. Осетлив граден кош.

ВАГА

До решението на проблемот кој го имате доаѓате постепено и сега самите го гледате светлото на крајот од тунелот. Вашиот партнер постојано покажува дека не е среќен во врската со вас, а вам многу ви пречи неговото однесување. Осетливи синуси.

ШКОРПИЈА

Потребно ви е време да ги остварите плановите кои ги имате. Во иднина ќе бидете многу успешни. Иако сте свесни на тешките околности кои ја следат вашата врска, не сакате да се откажете од личноста која ви се допаѓа. Зголемен апетит.

СТРЕЛЕЦ

Трудете се да најдете добра работа која ќе ги задоволи вашите очекувања. Подготвени сте да работите на деловна едукација. Моменталниот партнер не ви одговара повеќе и подготвени сте да ја прекинете врската. Зголемен крвен притисок.

ЈАРЕЦ

Среќата е на ваша страна, па доаѓа до разрешување на ситуацијата на деловно поле. Денешниот ден ви носи можност за остварување на врска која ви можела да се одвива во тајност. Ве мачи несоница.

ВОДОЛИЈА

Ви се укажува нова деловна можност која ќе мора да ја искористите во следниот период ако сакате напредок. Ве очекува период во кој ќе имате несогласувања и промени на емотивно поле. Нервна напнатост,

РИБИ

Доаѓате до нови идеи кои ќе ви бидат корисни во врска со работата. Влегувате во период на многу добри промени. Го променивте мислењето за саканата личност и сега полека вашите емоции се намалуваат. Имате многу енергија во себе.

Прегледи:
1026
Објавено на:
14.01.2020