Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 17. МАРТ 2020 ГОДИНА

Девицата денес ќе донесе некои важни одлуки, Стрелецот ќе прави грешки повеќе од вообичаено, Ракот го мачи несоница.

ОВЕН

Пред вас е добар ден во кој ќе успеете да реализирате сѐ што ќе замислите. Имате сѐ повеќе проблеми во комуникација со партнерот, но вашата љубов и понатаму е многу силна. Можни се проблеми поради кашлица.

БИК

Не сте сигурни дека ќе успеете да се носите со сите трошоци кои неочекувано ви се наметнуваат. Поради голем стрес, го запоставувате односот со партнерот, а тоа него длабоко го повредува. Проблеми со апетитот.

БЛИЗНАЦИ
Не ви е лесно да ги решите проблемите кои ве оптеретуваат затоа што нивните корени се во далечното минато, што ве обесхрабрува. Се повлекувате во себе и не ги забележувате сите можности за нови познанства. Склоноста кон депресија е нагласена.

РАК

Чувствувате дека ви се потребни промени на деловен план, но се плашите да ги започнете бидејќи немате ничија поддршка. Една личност ќе покаже интересирање кон вас, но вие ќе се двоумите дали да започнете врска со неа. Проблеми со несоница.

ЛАВ

Премногу се потпирате на другите и очекувате тие да ги решат вашите проблеми. Време е да покажете зрел пристап кон сѐ. Ќе запознаете личност која ќе ви ја разбуди љубопитноста, но и чувството на несигурност. Нервниот систем ви е чувствителен.

ДЕВИЦА

Денес може да донесете пресудни одлуки кои позитивно ќе се одразат на вашата иднина на деловно поле. Се чувствувате сѐ поосамено покрај моменталниот партнер, но се плашите тоа да му го кажете. Ве мачат хронични проблеми.

ВАГА

Многу е веројатно дека одеднаш ќе морате да промените некои одлуки во кои досега сте биле сигурни. Сѐ повеќе сфаќате дека вашиот партнер сака апсолутна посветеност и тоа малку ве плаши. Избегнувајте алкохол и опијати.

ШКОРПИЈА

Финансискиот аспект на вашата работа е единственото нешто кое ве спречува да дадете отказ. Можеби ќе го фатите партнерот во некаква лага што само ќе ја потврди вашата недоверба кон него. Проблеми со уринарниот тракт.

СТРЕЛЕЦ

Ќе правите повеќе грешки од обично и тоа може да доведе до недоразбирање со некој од претпоставените. Иако чувствувате колку се сериозни проблемите кои ги имате во врската, тоа го криете од очите на јавноста. Проблеми со главоболка.

ЈАРЕЦ

Дојде време да уживате во плодовите од досегашната макотрпна работа. Одморете, бидејќи заслужувате. Свесни сте колку маани има вашата сакана личност, но подготвени сте да ги прифатите. Можни се проблеми поради песок во бубрезите.

ВОДОЛИЈА

Можеби долго чекате да се оствари некој план кој и понатаму се одложува. Како и да е, свесни сте дека од него не смеете да се откажете. Моментално љубовта не ви е приоритет, па поради тоа сте прилично пасивни. Проблеми со хроничен замор.

РИБИ

Вие не сакате да се прилагодувате кон другите, а вашето работно опкружување има многу поразличен начин на функционирање, што ве доведува до несогласувања. Вашата врска е под гтерет на лажните гласини кои кружат. Можни се проблеми со алергија.

Прегледи:
754
Објавено на:
16.03.2020