Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 19. МАЈ 2020 ГОДИНА

Девицата е нетрпелива, Вагата е среќна, Шкорпијата неодлучна, Овенот задоволен, Бикот неподготвен.

ОВЕН

Може да очекувате позитивни промени кога станува збор за вашата работа. Подгготвени сте да преземете контрола над промените. Трудете се да остварите добар однос со личноста која ви се допаѓа. Проблеми со главоболка.

БИК

Можеби не сте подготвени да донесете нови деловни одлуки иако тековната ситуација тоа од вас го бара на некој начин. Ви се допаѓа личност која ја познавате од претходно. Минатото чука на вашата врата. Проблеми со циркулација.

БЛИЗНАЦИ

Бидете доволно отворени со вашите соработници и покажете им какви грешки прават. Ќе имате можност да запознаете личност која ќе сака сериозна врска со вас. Спремни сте за љубовни промени. Проверете го нивото на холестерол.

РАК

Препорака е да водите сметка за обврските кои претходно требало да ги извршите до крај а не сте успеале. Не ви е лесно да се смирите со личност од минатото. Можеби сте повредени. Намалете го внесувањето на алкохол.

ЛАВ

Обидете се да се занимавате со работите кои чекаат на вас и не ви е лесно да се организирате на вистински начин. Саканата личност ви покажува дека има замерки кон вас. Многу незадоволство во вашиот однос. Чувствителна кожа.

ДЕВИЦА

Нетрпеливи сте да ги решите деловните дилеми и да почнете да остварувате нови проекти. Не сте задоволни со односот со партнерот и сѐ почесто размислувате за прекинување на врската. Пад на имунитетот.

ВАГА

Ве очекува позитивна атмосфера. Може да се надевате на позитивни деловни околности. Многу поволен ден е пред вас. Подготвени сте да ги покажете своите емоции и да влезете во нова врска. Хормонални промени.

ШКОРПИЈА

Влеговте во ново деловно опкружување во кое на почетокот не се снаоѓавте најдобро. Ве очекува ново познанство. Спремни сте постепено да остварите поинтимен однос со симпатијата. Осетлива бешика.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува прекинување на деловен договор, или напуштање на работно место. Можеби одамна посакувавте промени. Можеби решивте да промените некои ставови кон саканата личност. Водете сметка за очите.

ЈАРЕЦ

Можна е промена на работата. Подготвени сте да започнете нов бизнис кој ќе биде успешен. Ве очекува период кој е многу поволен за нови љубовни случувања. Возбудата на поле на флертот полека расте. Можен е пад на имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Можеби ќе бидете склони на некои различни вложувања кои може да ви донесат губиток или штета. Неочекувано доаѓате до средба која ќе ве доведе до нова емотивна врска. Можна е тахикардија.

РИБИ

Големи промени се пред вас во наредниот период. Подготвени сте да се посветите на деловните преговори. Можеби планирате проширување на семејството со саканата личност. Спремни сте за нови промени. Проблеми со стомакот.

Прегледи:
1275
Објавено на:
18.05.2020