Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 2. ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА

Стрелецот е пред голема љубов, Овенот мора да избегнува масна храна, Рибите се загрижени за својата работа.

ОВЕН

Важно е да се посветите на својата работа и денес да ги земете работите во свои раце за да успеете да остварите позитивни резултати. Не сте подготвени за врска на далечина иако ви се допаѓа личност која живее далеку. Избегнувајте масна храна.

БИК

Ве очекуваат некои нови трошоци кои би можеле да ја нарушат вашата финансиска состојба и плановите на ова поле. Сакате да направите прв чекор кон личноста која ви се допаѓа. Може да очекувате нова љубов. Можни се проблеми со белите дробови.

БЛИЗНАЦИ

Подобро да бидете трпеливи во комуникацијата со деловното опкружување за да не предизвикате непотребни проблеми. Доколку сте во врска може да очекувате поволен ден во кој ќе уживате. Склони сте кон дебелеење.

РАК

Загрижени сте за своите финансии и тоа ви создава притисок. Имате потреба да направите некои промени на деловно поле. Пред вас е средба со личност која би можела да покаже дека има искрени и силни емоции кон вас. Избегнувајте алкохол.

ЛАВ

Не ви е нагласен премногу поволен период. Сѐ укажува на некои проблеми и компликации на деловен план. Можеби имате некои лични несигурности и затоа тешко склопувате нови познанства. Внимавајте на бубрезите.

ДЕВИЦА

Не очекувајте премногу важни настани и промени на работното место денес. Не сте сигурни што може да очекувате од личноста која ви се допаѓа, бидејќи нејзиното однесување е променливо. Можен е пад на имунитет.

ВАГА

Ќе имате шанса да го покажете вашиот напредок на работа. Горди сте на себе и на сѐ што сте постигнале. Ве очекува многу интересно познанство со личност со која е можна долга врска во иднина. Редовно контролирајте го притисокот.

ШКОРПИЈА

Ако се занимавате со приватен бизнис, пред вас е период во кој би можеле да се соочите со помали проблеми. Малку станавте ладни во контактот со партнерот на кому му пречи ваквото однесување. Зголемете го внесувањето на течности.

СТРЕЛЕЦ

Имате помали проблеми на работното место. Ќе ви биде потребно некое време за да ги решите. Доколку ви се допаѓа личност која била ваш пријател, ќе имате можност да се зближите со неа. Водете сметка за грлото и синусите.

ЈАРЕЦ

На работа немате поголеми промени и денот ќе помине генерално мирно. Може да се надевате на поволни околности. Пред вас е добар ден за нови познанства, промени и позитивни случувања. Водете сметка за исхраната.

ВОДОЛИЈА

Можно е да сте под голем притисок денес и да се соочите со различни проблеми на работа. Ве очекуваат недоразбирања во односот со личноста која ви се допаѓа. Многу работи ве оптеретуваат. Можна е главоболка.

РИБИ

Можеби сте загрижени за вашата работа и честопати ви се чини дека имате некој проблем. Ве очекува период во кој ќе имате потреба со саканата личност да разговарате искрено. Ве мачи несоница.

Прегледи:
654
Објавено на:
01.10.2019