Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 20. ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА

Бикот е под притисок, Овенот е загрижен, Шкорпијата флертува, Јарецот е неодлучен, Водолиите грешат.

ОВЕН

Можно е да се загрижите за својата иднина и да не ви биде лесно да донесете некои важни деловни одлуки кои ве чекаат. Ве очекува период во кој ќе имате потреба да бидете повеќе со вашиот партнер. Можна е несоница.

БИК

Можно е денес да бидете под голем притисок и да не ви биде лесно сите задачи да ги извршите како што треба. Ве очекуваат недоразбирања со саканата личност. Денот е поповолен и со помала тензија доколку не сте во врска. Можна е главоболка.

БЛИЗНАЦИ

Можни се мали финансиски проблеми и да не ги добиете парите кои ги очекувате, или да доживеете мало разочарување на работното место. Со партнерот се наоѓате во моменти на важни одлуки. Кичмата ви е осетлива. Доаѓа време повеќе да се посветите на своето здравје.

РАК

Можно е да дојде до одложување на плановите кои сте ги имале на ова поле, сѐ се движи полека и тоа ве прави незадоволни. На некој начин сте се затвориле во себе и не ви е лесно да ги покажете своите емоции. Без проблеми со здравјето.

ЛАВ

Ова не е поволен ден за почнување нова работа и генерално потрудете се да избегнувате носење на било какви важни одлуки. Саканата личност не покажува доволно нежност и вие полека се оддалечувате од неа. Можни се проблеми со бубрезите.

ДЕВИЦА

Прилично сте загрижени за своето работно место па важно е на време да ги сфатите проблемите. Пред вас е ден за флерт и нови познанства, судбината ви е наклонета и се појавува некој нов. Избегнувајте внесување на алкохол.

ВАГА

Пред вас е ден во кој ќе се занимавате со нови работни задачи и проекти кои се многу важни. Доколку сте слободни, можно е да дојде до шанса да се смирите со некој/а поранешен партнер/ка. Можни се проблеми со тахикардија.

ШКОРПИЈА

Забележувате промени кај опкружувањето на работното место и не ви е лесно да се адаптирате на нив. Влеговте во фаза на монотонија со саканата личност. Лесно би можело да ви се укаже прилика за некој флерт. Подложни сте кон проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Можно е да не ги остварите плановите кои ги имате. Засега потрудете се да не форсирате нови настани. Променете го својот пристап во контактот со партнерот ако сакате ситуацијата во вашата врска да се поправи. Проблеми со дишните патишта.

ЈАРЕЦ

Доколку се занимавате со приватен бизнис, пред вас е многу добар период во кој ќе заработувате добро. Потребно ви е време да одлучите дали ќе менувате некои работи на оваа поле или не. Поведете сметка за градниот кош.

ВОДОЛИЈА

Можете лесно да направите грешка на работното место, која ќе ја забележат луѓето околу вас. Внимавајте на својата концентрација. Пред вас е можност да обновите контакт со некоја личност од вашето минато. Денес совршено ќе ви одговара одмор.

РИБИ

Не влегувајте во ризични зделки и не позајмувајте пари некому. Ова не е поволен ден за тоа. Се чувствувате моќно и дека можете да промените сѐ што ќе посакате, а гледате дека вашата врска не оди во добар правец. Осетливи заби и непца.

Прегледи:
755
Објавено на:
19.12.2019