Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 28. ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА

Песимизмот не е сојузник на Овните, затоа треба да го исфрлат. Девиците ќе соработуваат со некоја Вага, Јарците ги очекуваат љубовни изненадувања.

Овен 

Не знаете како да го истакнете вашиот успех па постојано барате совети. Некои совети се добронамерни но некои не, внимавајте кој и што ви кажува. Семејството како и секогаш ќе биде вашиот најголем поттикнувач да ги пребродите кризите кои доаѓаат. Песимизмот не е вашиот сојузник, исфрлете го.

Бик

На работното место ќе владее хармонија, сите заедно ќе ги извршувате потребните работи во дадениот рок. Вашата дисциплинираност, посветеноста и енергијата ќе бидат заразни. Имајте на ум дека вашиот љубовен живот стагнира, преземете неколку посмели чекори.

Близнаци

Околностите ќе ве наведат на некои несоодветни потези за кои нема да имате објаснување. Денес избегнете ги критиките, затоа што и вие ќе ги бирате полесните опции. Потребна ви е сериозна дискусија на љубовен план, толеранцијата не ве води никаде. Намерата на некоја Водолија да ви се доближи следете ја внимателно.

Рак

Потребна ви е финансиска стабилност, која ќе ја постигнете само ако се фокусирате на неопходните потреби. Соработката и понатаму ќе биде клуч за вашиот успех. Слушајте ги другите, соработувајте, па и тие вас ќе ве поддржат. Некоја Вага ќе побара од вас искрен разговор.

Лав

Ќе постојат некои несогласувања со околината. Не трошете енергија во одбрана на своите намери. Игнорирајте ги другите, а следете го она што ви го кажува срцето. Разговарајте со нови лица, нивниот поглед може да биде инспирацијата која ви недостигаше.

Девица

Ќе имате одлична соработка со некоја Вага. Нема да ве загрижува дефицитот на финансиски средства, бидејќи очекувате помош од семејството. Нема да станете флексибилни се додека не сфатите дека со малку труд туѓите идеи може одлично да се вклопат во вашите планови.

Вага

Не се затворајте дома сами, излезете на кафе со пријателите, прошетајте и релаксирајте се. Не заборавајте, животот е многу позабавен кога сте отворени за изненадувања. Во текот на вечерта самодовербата ќе ви биде на високо ниво, па без двоумење правете смели чекори.

Шкорпија

Можеби ќе се зафатите да работите неколку работи одеднаш. Понекогаш ќе ви недостасуваат вистински предизвици бидејќи оние кои секојдневно ги доживувате ќе бидат помалку атрактивни. Нека биде така, но вие и понатаму работете најдобро што можете. Не му верувајте на некој Овен, тој нема искрени намери.

Стрелец

Ќе имате нагласени партнерски односи, во кои ќе преовладуваат дискусии за парите и славата. Постои можност за проширување на соработката надвор од границите на земјата. Ова е поволен период за финансиски зафати, но неповолен за љубовта. Пријателите и соработниците ќе ви бидат голема поддршка.

Јарец

Ќе мора да бидете многу поенергични отколку досега. Ќе ви биде потребен поголем труд и поголеми залагања за да го постигнете посакуваното. Верувате дека сте на правиот пат да ја освоите довербата на некој кој би можел да биде ваш долг соработник. Ве очекуваат изненадувања на љубовното поле, внимавајте да не ги расипете.

Водолија

Родените во овој знак денес ќе имаат компликации во комуникациите со околината. Се ќе ве нервира и вие тоа јасно ќе го покажувате. Некоја Вага ќе ви влее несигурност поради која лошо ќе се чувствувате.

Риби

Кај вас ќе биде поттикната желбата за напредување, но доколку спаѓате во групата на оние кои не можат да поднесат критика, јасно  и гласно ќе кажете се што мислите. Денот е доста поволен за вас, затоа искористете го и искажете ја вашата креативност.

Прегледи:
924
Објавено на:
27.02.2020