Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3. АПРИЛ 2020 ГОДИНА

Јарецот не сака да зависи од другите, Рибите не се подготвени за промени, Бикот чувствува дека партнерот не е искрен.

ОВЕН

Ве очекуваат помали недоразбирања со соработниците. Генерално овој ден не ви е особено поволен. Нема нови промени кај вас на љубовно поле. Ова е прилично статичен и здодевен ден. Болки во грбот.

БИК

Премногу очекувате од соработниците кои не размислуваат на ист начин како вас. Време е да ги земете работите во свои раце. Чувствувате дека партнерот не е искрен за некои работи. Време е да поразговарате со него. Избегнувајте алкохол.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекуваат проблеми на деловно поле. Многу нешта ве оптеретуваат и не се чувствувате добро поради тоа. Срамежливи сте и тешко ви е да покажете што чувствувате кон личноста во која сте заљубени. Чувствителен урогенитален тракт.

РАК

Не е поволен ден за нови случувања, за нови одлуки или било какви важни промени на работно поле. Посветени сте и на саканата личност и ќе направите сѐ што можете за да и докажете љубов и приврзаност. Склони сте кон алергии.

ЛАВ

Ве очекуваат помали компликации, па затоа подгответе се за ден во кој ќе има стрес и тензии околу вас. Се двоумите околу нови одлуки. Саканата личност ќе покаже дека е подготвена да направи некои драстични промени. Кожата ви е склона кон иритации.

ДЕВИЦА

Организационите способности ви е најчесто силна страна но денес дури ни тоа не ви оди од рака. Имате грижа на совест бидејќи не сте сосема искрени кон партнерот. Можен е пад на имунитетот.

ВАГА

Може да очекувате дека ќе успеете да најдете решение за деловните проблеми околу вас. Ќе се смирите со личноста која ја сакате. Ако сте слободни, наскоро ќе имате ново познанство. Болки во грлото.

ШКОРПИЈА

Успешно ги решавате сите дилеми. Одлуката која ќе ја донесете за вас може да биде од многу големо значење. Ве очекува можност да ја освоите личноста која ви се допаѓа веќе подолго време. Чувајте се од настинки.

СТРЕЛЕЦ

Не сте подготвени за драстични промени на деловно поле, а сѐ што правите оди постепено чекор по чекор. Саканата личност не е подготвена да ви покаже отворено што мисли, а вас тоа ве оддалечува и лади од неа. Потребен ви е сон.

ЈАРЕЦ

Ве очекуваат нови случувања на работно поле. Не сакате да зависите од другите, за вас контролата е многу важна. Партнерот покажува дека сака повеќе време за себе и поголема слобода, а вам тоа не ви се допаѓа. Помал пад на имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Успешно ќе ги завршите работните обврски. Може да се надевате на многу позитивен ден. Можеби ви се допаѓа некој кој кон вас сѐ уште не покажал симпатии. Немате проблеми со здравјето.

РИБИ

Не сте подготвени за промени на работно поле туку сметате дека ќе ви биде подобро доколку ја задржите оваа работа. Сакате семејство но не сте го пронашле адекватниот партнер за тоа. Дајте си време. Намалете го стресот.

Прегледи:
855
Објавено на:
02.04.2020