Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3. ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА

Близнаците уживаат во вниманието кое го добиваат, Водолијата ја очекува напорна работа, Рибите нека се подготват за интересен период.

ОВЕН

Мала доза на самоувреност е позитивна, но водете сметка да не претерате со егоцентризмот, бидејќи никој во околината нема да може тоа да го трпи. Партнерот ќе ви замери ако не се сетите на некој важен заеднички датум. Очекува соодветно внимание од ваша страна.

БИК

Вашиот љубовен живот и социјалните контакти можат да бидат нарушени поради вашиот неуспех да комуницирате. Може да се чувствувате исцрпено и нерасположени да гледате било кого. Како и да е, ви се советува да прифатите да излезете заедно со саканата личност.

БЛИЗНАЦИ

Во добро расположение сте и затоа и ви оди работата. Со полна пареа работите за да го остварите саканото. Уживајте во вниманието кое го добивате, а исто така бидете отворени и за романтика. Идеално би било да го реорганизирате вашиот куќен буџет.

РАК

Денеска ќе бидете на граница со нервите поради неуспех на некој ваш бизнис. Не дозволувајте нервозата да се прелее во вашето семејство! Би било подобро да се запрашате себеси што имате направено погрешно за вашите бизнис партнери.

ЛАВ

Снаодливоста, брзината и способноста за предвидување ќе ви бидат главните адути денеска. Лавовите кои се во врска ќе имаат повеќе време за себе зашто партнерот ќе биде презафатен со работата. На некои Лавови им следи и кратко раздвојување со партнерот поради неодложен пат.

ДЕВИЦА

Ќе ја имате можност вашиот уметнички талент да го искористите на добар начин. Креативноста ќе ви помогне многу и соработката ќе се одвива одлично. Не двоумете се да започнете нова активност! Имате добри шанси да успеете професионално и во бизнисот.

ВАГА

Ќе бидете во многу добро расположение и способни да стапите во контакт и да се поврзете перфектно со секого околу вас. Како и да е, вашата финансиска ситуација би можело да ве вознемири. Во вечерните часови може да заминете на забава. Бидете внимателни и избегнувајте ги шегите кои можат да ги повредат чувствата на другите луѓе.

ШКОРПИЈА

Некои разочарувања од минатото конечно ќе ги оставите зад себе. Избегнувајте ги конфликтите, но ако се најдете во таква ситуација, бидете мудри. Ова посебно важи за оние кои се во работен однос. Од некои работи ќе мора да се одречете  и да прифатите дека повеќе не се дел од вашиот живот. Ова се однесува на вашите бивши партнери кои упорно се обидуваат да ве вратат во живот.

СТРЕЛЕЦ

Утринава имате добри вести: треба да добиете значителна сума на пари. Вашата сакана личност ќе биде среќна. Добар е моментот да започнете со правење на планови за иднината и за средби со пријателите. Стрелците кои сѐ уште трагаат по љубов ќе бидат прилично незадоволни овој период.

ЈАРЕЦ

Практичноста и тврдоглавоста се особините кои најдобро ве опишуваат овој период. Иако не сакате да се занимавате со парите, сепак тие ќе ви бидат главна преокупација денес. Јарците кои се во врска ќе се сретнат со проблеми и кавги со партнерот и тоа без некои битни причини. Партнерот има проблеми и шири тензија околу себе, но сепак не можете да му помогнете ако не ви го дозволи тоа

ВОДОЛИЈА

Може да ви произлезе шанса да се вклучите во некоја нова активност која ќе ви донесе значајни професионални и финансиски бенефиции. Ќе работите многу напорно, но колегите може да не се чувствуваат најдобро поради тоа.

РИБИ

Може нема да бидете во најдобро расположение денес. Избегнете го преземањето на нови одговорности денес, бидејќи сносите ризик од загуба на енергија. Ви престои интересен период.  Нови познанства и пријателства ќе им помогнат на некои Риби да ги заборават свежите рани.

Прегледи:
838
Објавено на:
02.02.2020