Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3. ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА

Лавот е отворен за нова љубов, Овенот е оптеретен со проблемите, Близнаците ги очекува интересен ден, Шкорпијата мора да биде трпелива.

ОВЕН

Можеби ќе дојде до некое одложување кога станува збор за работите кои сакавте да ги завршите денес. На некој начин се затворивте во себе и тоа ве оптеретува кога станува збор за емоциите. Без здравствени проблеми.

БИК

Можеби нема да го добиете она што го посакувате и ќе бидете прилично разочарани на деловно поле. Со партнерот ве очекуваат помали недоразбирања во секојдневните проблеми. Посветете се на решавање на ситуацијата. Кичмата ви е осетлива.

БЛИЗНАЦИ

Прилично сте загрижени бидејќи ви се чини дека нема лесно да ги реализирате своите деловни планови во наредниот период. Пред вас е интересен ден во кој ќе имате позитивни случувања. Избегнувајте алкохол.

РАК

Не е поволен ден за започнување нова работа. Ве очекува фаза во која ќе имате некој застој на работа. Саканата личност не покажува доволно нежност кон вас и ви се чини дека доаѓа крај на врската. Можни се проблеми со бубрезите.

ЛАВ

Забележувате промени во комуникацијата со деловното опкружување и ви се чини дека многу работи одат во погрешна насока. Влеговте во монотонија во врската и потребни ви се промени. Бидете отворени за нова љубов. Пад на имунитетот.

ДЕВИЦА

Пред вас е ден во кој ќе имате понуди кои може да бидат интересни на работно поле. Доколку сте слободни, ве очекува фаза во која многу лесно ќе дојде до нови можности за љубовна врска. Можни се проблеми со тахикардија.

ВАГА

Доколку се занимавате со приватен бизнис, ве очекува поволна фаза за промени и напредок на ова поле. Потребно ви е време да одлучите за заедничката иднина на врската во која се наоѓате моментално. Водете сметка за градниот кош.

ШКОРПИЈА

Можеби нема да можете да ги реализирате своите планови и амбиции во наредниот период. Потрудете се да бидете трпеливи. Променете го својот пристап во комуникацијата со саканата личност. Чувствителни дишни патишта.

СТРЕЛЕЦ

Не влегувате во ризици на деловно поле. Потрудете се да одржите стабилна ситуација. Се чувствувате немоќно и немате доволно самодоверба па затоа сте и незадоволни. Чувствителни заби и непца.

ЈАРЕЦ

Може лесно да направите грешка која може да доведе до деловни проблеми. Поработете повеќе на својата концентрација. Пред вас е можност да запознаете личност која ќе покаже искрени емоции кон вас. Денес ви е потребен одмор.

ВОДОЛИЈА

Не би требало да имате поголеми проблеми на деловно поле денес. Ве очекува период во кој ќе имате стабилна состојба. Многу сте заљубени во личноста со која сте во врска и планирате венчавка. Имате многу позитивна енергија во себе.

РИБИ

Можеби денес ќе имате компликации на деловно поле и дека ќе бидете насочени кон некои проблеми. Вашата осаменост не ви одговара. Посакувате љубив, емотивни промени и нови случувања. Внимавајте на градниот кош.

Прегледи:
815
Објавено на:
02.10.2019