Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 30. ДЕКЕМВРИ 2019 ГОДИНА

Водолијата се чувствува добро, Девицата ужива во вниманието кое го добива, Овенот се двоуми.

ОВЕН

Не сте загрижени и знаете дека ситуацијата на работното место ви е стабилна. генерално сте задоволни со сѐ што постигнувате на ова поле. Можеби се двоумите и не сте сигурни дали треба да останете во моменталната врска или не. Малку сте чувствителни денес.

БИК

Ве очекува можност за деловно патување на кое би можеле да бидете многу задоволни. Ви годи средбата со личност која во минатото ви значеше. Заедно ќе се присетувате на старите времиња. Здравјето е во ред.

БЛИЗНАЦИ

Имате многу обврски кои ви се насобираат. Пред вас е период во кој ќе бидете многу оптеретени со работата. М0жеби не сте подготвени да менувате партнери иако излеговте од неуспешна врска. Помал пад на имунитетот.

РАК

Ве очекува можност да напредувате на работно поле. Се најдовте на право место во право време. Партнерот ви е посветен и заедно можете да остварите многу. Пред вас е период на одлуки. Добро се чувствувате во своја кожа.

ЛАВ

Приватната работа треба да забележи напредок овој период. Може да очекувате многу добри пресврти на ова поле. Пред вас е интересен флерт со личност која ви се допаѓа. Може да очекувате почеток на врска. Здравјето се подобрува.

ДЕВИЦА

Факторот среќа денес е на ваша страна и задоволни сте поради тоа. Може да очекувате поволен период пред себе. Уживате во вниманието кое ви го дава личноста со која сте во врска. Одлично се чувствувате!

ВАГА

Имате големи планови, но, потребно ви е многу време за да успеете да ги реализирате на вистински начин. Стабилна врска ве чека наскоро. Подготвени сте за нови случувања на љубовно поле. Имате доволно енергија.

ШКОРПИЈА

Задоволни сте со ситуацијата која владее на деловно поле. Може да очекувате можност за подобрување на финансиите. Подготвени сте да се посветите на односот со саканата личност. Убаво се сложувате. Здравјето е одлично.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува поволен ден во кој ќе успеете да остварите некои важни деловни проекти. Сѐ уште не сте подготвени да разговарате со саканата личност за сериозните заеднички планови и потребно ви е повеќе време. Опуштете се и одморете.

ЈАРЕЦ

Не се опреретувајте со преголеми обврски денес. Важно ви е да избегнувате стрес и да направите некој вид баланс. Можеби сте збунети бидејќи личноста која ви се допаѓа ви делува оддалечено. Внимавајте на здравјето.

ВОДОЛИЈА

Незадоволството на деловно поле ви ги пореметува плановите и на другите полиња. Потребно ви е некое  време за да се подобрат нештата. Подготвени сте да ја прекинете врската и да се оддалечите некое време. Добро се чувствувате.

РИБИ

Иако не е сѐ онака како што сакате, на крај сепак ќе успеете да ги остварите деловните цели. Со саканата личност имате тежок период во кој комуникацијата ви е послаба. Можеби губите интересирање. Не се изложувајте премногу на сонце.

Прегледи:
805
Објавено на:
29.12.2019