Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 4. МАЈ 2020 ГОДИНА

Бикот е максимално посветен на работата, Јарецот ќе запознае нова личност, Близнаците треба да се посветат на своите обврски.

ОВЕН

Добро се снаоѓате на деловно поле и задоволни сте со резултатите. Ве очекува многу добар период. Саканата личност е нежна и отворена кон вас и среќни сте затоа што имате добар однос со неа. Нервниот систем ви е осетлив.

БИК

Максимално сте посветени на обврските и работата, одговорни сте и важно ви е да решите некои проблеми. Доколку имате партнер, може да се надевате на позитивен ден во кој ќе остварите одличен однос со него. Одлично се чувствувате и добро сте расположени.

БЛИЗНАЦИ

Можно е да успеете да остварите добри промени кога станува збор за работата. Посветете се на своите обврски. Сериозна криза настапи помеѓу вас и личноста која ви се допаѓа. Нагласен е пад на имунитетот.

РАК

Не ризикувајте со започнување на нови работни обврски или со поголеми вложувања денес. Старата љубов би можела да се врати во вашиот живот иако не го очекувате тоа и не сте се надевале. Водете сметка за срцето.

ЛАВ

Можеби ќе имате можност да ги покажете своите способности на деловно поле. Ако имате партнер не ви е лесно да ги решите сите недоразбирања со него кои ги имате од минатото. Можни се проблеми со желудникот.

ДЕВИЦА

Бидете подготвени да се посветите на работата и да покажете доволно интересирање кон одредени промени. Заљубени сте и ќе направите сѐ за да го поправите односот со саканата личност. Проблеми со срцето.

ВАГА

Можно е да успеете да остварите подобрување на работно поле. Наскоро следува унапредување. Ве очекуваат интересни случувања со симпатијата. Доаѓа време за почеток на врска. Проблеми со стомакот.

ШКОРПИЈА

Можно е да ве очекуваат нови случувања и нови деловни понуди кои ќе бидете подготвени да ги прифатите. Ве очекува интересен флерт со личност која ја познавате од претходно и е од вашето блиско опкружување. Проблеми со зглобовите.

СТРЕЛЕЦ

Имате многу нови идеи за почеток на деловен проект и нови соработки, но немате доволно време да ги реализирате. За да запознаете некоја нова личност потребно е повеќе да се движите. Добро се чувствувате.

ЈАРЕЦ

Може да се надевате на позитивни деловни околности во текот на денешниот ден. Среќата е на ваша страна. Ве очекува интересно познанство со личност која ќе покаже дека сака сериозна љубовна врска. Полни сте со енергија!

ВОДОЛИЈА

Пред вас се поволни околности на деловно поле. Ќе се ослободите од некои дилеми кои ве мачат. Ви се допаѓа личност со која ќе имате интересни случувања. Подготвени сте подобро да ја запознаете. Водете сметка за циркулацијата.

РИБИ

Поволен период за започнување нов бизнис. Може да очекувате и некои нови понуди за соработка. Ве обзема чувство на љубомора кое не можете секогаш да го контролирате. Можно е да имате зголемен притисок.

Прегледи:
982
Објавено на:
03.05.2020