Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7. МАЈ 2020 ГОДИНА

Пред Биковите е можност за нова емотивна врска, Девиците ги очекува подобрување на финансиската состојба, Лавовите ќе имаат недоразбирање со партнерот.

ОВЕН

Имате важни планови за работа која ќе ја спроведете на дело. Може да очекувате поволен период за тоа. Саканата личност се сомнева во вас. Можни се кавги. Внимавајте на срцето.

БИК

Можеби ќе добиете нова понуда за работа. Подготвени сте да се обидете и во некоја нова професија и да направите поголеми промени. Љубовта напредува. Можност за нова емотивна врска е пред вас. Проверете ја крвната слика.

БЛИЗНАЦИ

Важно е да се потрудите околу деловните обврски кои треба да ги исполните до крај. Не ги избегнувајте своите задолженија. Не сте задоволни со односот на вашиот партнер кој не ви посветува внимание. Проблеми со варење.

РАК

Посакувате промена на работното место но сѐ уште не ви се укажува можност за тоа. Комуникацијата со саканата личност полека се движи на подобро ниво и наскоро ќе влезете во љубовна врска. Избегнувајте цигари.

ЛАВ

Можеби ќе добиете понуда за работа која ќе ја одбиете. Не сте расположени за поголеми промени. Нови кавги со партнерот може да доведат до чувство на немоќ, нервоза и стрес. Размислувате за прекинување на врската. Проблеми со покачен притисок.

ДЕВИЦА

Доаѓате до шанса на финансиско поле да го добиете подобрувањето кое ви е потребно. Можеби сте пронашле личност која им одговара на сите ваши критериуми и со која сакате сериозна врска. Можна е несоница.

ВАГА

Можеби ќе бидете прилично напнати и да доживеете некои препреки во деловното опкружување. Не сте посветени на партнерот, а тој ви го замерува тоа. Време е да покажете толеранција кон нему. Внимавајте на нервниот систем.

ШКОРПИЈА

Промена на работата ве очекува – без разлика дали ја очекувате или не. Време е да го промените својот агол на гледање на овој план. Љубомората ги нарушува вашиот однос со саканата личност. Проблеми со забите.

СТРЕЛЕЦ

Обидете се да ја избегнете неодлучноста во вашата комуникација со деловното опкружување ако сакате да добиете повеќе почитување. Енергични сте, шармантни и лесно ја освојувате личноста која ви се допаѓа. Можна е склоност кон дебелеење.

ЈАРЕЦ
Ве очекуваат нагли промени на деловно поле. Можен е губиток или намалување на заработувачката. Посесивноста станува проблем во вашиот однос со саканата личност и загрижени сте. Внимавајте на бубрезите.

ВОДОЛИЈА

Постепено може да ги остварите своите цели на деловно поле. Задоволни сте со резултатите кои ги остварувате. Доколку сте во врска, пред вас е период во кој ќе дојдете до важни одлуки со саканата личност. Добро се чувствувате.

РИБИ

Решивте да се посветите на обврските кои ги имате и да бидете темелни во исполнувањето на своите обврски. Полека доаѓате до кризни моменти во односот со партнерот и се прашувате во кој правец сега треба да се движите. Проблеми со крвната слика.

Прегледи:
1110
Објавено на:
06.05.2020