Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 8. МАЈ 2019 ГОДИНА

Близнаците денес ќе се докажат, Бикот ужива во спортот, Овенот чувствува пад на енергијата, Вагата се чувствува одлично.

ОВЕН

Денес ќе имате потреба да се ангажирате помалку околу работата бидејќи ви е потребен одмор. Посакувате нови познанства, подготвени сте да бидете поотворени во комуникацијата. Можен е помал пад на енергијата.

БИК

Не сакате повеќе да ја работите работата која ви носи нервоза и негативни чувства. Пред вас е промена на работното место. Може да се надевате на убав ден и нежни моменти кои ќе ги поминете со партнерот. Добро ќе ви дојде физичка активност.

БЛИЗНАЦИ

Ќе оставите добар впечаток на работното опкружување, и уште еднаш ќе ги докажете своите способности. Ви се отвора можност да освоите личност со која можете да бидете во долга врска во иднина. Посетете доктор.

РАК

Ве очекуваат позитивни вести на кои не се надевавте. Може да очекувате многу позитивни промени на работно поле. Пред вас е романтичен ден. Ако имате партнер ќе уживате со него. Менувајте ги лошите навики.

ЛАВ

Преоптеретени сте со обврските кои само се насобираат. Време е да научите да препознаете кога ви е потребна помош. Во односите помеѓу вас и саканата личност многу лесно може да дојде до дистанца. Зголемете го внесувањето на калциум.

ДЕВИЦА

Ве радува подобрувањето на околностите на работното место, а наскоро ви следи и прилив на пари кои ќе ви бидат од големо значење. Важно е да се потрудите околу подобрата комуникација со личноста која ви се допаѓа. Расположението ви е променливо.

ВАГА

Финансиски успеавте да напредувате, па сега сте подготвени и малку да одморите од работа. Ви се допаѓа личност која на некој начин е моментално оддалечена од вас и не покажува иницијатива. Здравјето е во ред.

ШКОРПИЈА

Околностите на деловно поле моментално не сте на ваша страна што секако може да претставува голема кочница. Саканата личност ви покажува колку и значите. Подготвени сте да и се посветите. Иритација на кожата.

СТРЕЛЕЦ

Можни се некои ненадејни пресврти на деловно поле. Моментално промените кои следуваат не зависат од вас. Со саканата личност имате проблеми, кавги и несогласувања, па не ви е лесно да најдете емотивен мир. Под стрес сте.

ЈАРЕЦ

Важно е да ја покажете својата подготвеност да се прилагодите на туѓите правила. Доколку сте слободни, наскоро ќе ви се појави едно ново интересно познанство. Водете сметка за забите.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате дека ќе најдете решение за деловните проблеми кои ве пратат. Можеби саканата личност на некој начин сака да воведе промени во вашиот однос и ќе покаже иницијатива кон тоа. Склони сте кон инфекции.

РИБИ

Можни се помали компликации во комуникацијата со соработниците. Избегнувајте реагирање во афект. Покажете и ги на саканата личност искрените емоции. Важно е да зборувате за сѐ ако сакате вашата врска да опстане. Чувствителен урогенитален тракт.