Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 9. ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА

Близнаците се среќни во љубовта, Ракот мора да се сконцентрира на работата, Рибите мора да водат сметка за своето здравје.

ОВЕН

Не ви е лесно да го остварите она што го сакате на деловно поле. Вие сте сега во фаза која ви носи бројни ограничувања. Можеби ви се допаѓа личност кон која не можете да ги покажете емоциите. Проблеми со желудникот.

БИК

Бидете внимателни во комуникацијата со соработниците бидејќи некои ваши зборови би можеле да бидат погрешно сфатени. Ве очекува интересна љубовна ситуација. Пред вас е ден кој носи нова средба и нова врска. Спортувајте.

БЛИЗНАЦИ

Доколку не бидете посветени на својата работа, може да дојде до одредени компликации. Партнерот ви е верен и среќни сте бидејќи имате одличен однос. Ве очекува поволна фаза за љубов. Минлива настинка.

РАК

Неопходно е да поработите на вашата концентрација за да можете да остварите деловни резултати. Можеби ви пречи мешањето на други луѓе од страна во вашата врска. Со партнерот треба искрено да поразговарате. Потребна ви е масажа.

ЛАВ

Можеби не сте сигурни на кој начин сакате да се посветите кон решавањето на деловните проблеми и потребна ви е нечија помош. Постојат помали проблеми во комуникацијата помеѓу вас и саканата личност. Потребен ви е сон.

ДЕВИЦА

Го давате својот максимум и се трудите да напредувате кога станува збор за работата. Нема да се откажете. Можеби ќе имате помали потешкотии на ова поле. Ве очекува многу незгодна фаза на љубовно поле. Менувајте ги лошите навики.

ВАГА

Денес нема да успеете да ги остварите своите планови и најдобро е однапред да бидете свесни за тоа. Заинтересирани сте додворувачот кој покажува искрени и силни емоции кон вас. Можни се проблеми со зглобовите.

ШКОРПИЈА

Можно е да ве очекува променлива фаза за работа и дека нема премногу лесно да остварите стабилност на ова поле. Ви се допаѓа личност која на некој начин е поврзана со странство. Можни се проблеми со коските.

СТРЕЛЕЦ

Важно е да се организирате на деловно поле и да го дадете својот максимум околу обврските. Осносот со саканата личност би можел да влезе во мала криза. Важно е да бидете подготвени за промени. Исцрпени сте.

ЈАРЕЦ

Потребно ви е уште некое време да ги соберете своите впечатоци и да донесете конечна одлука на работното место. Можеби ви недостига личност од минатото. Сѐ уште не можете да ја преболите. Можни се проблеми со несоница.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува фаза во која би можеле да имате некои помали потешкотии на деловно поле, бидете подготвени за тоа. Ви изгледа дека со саканата личност никако не може да дојдете до компромиси по некои прашања. Одморете денес.

РИБИ

Ве очекува поволен ден во кој ќе успеете да ги реализирате своите деловни планови. Не се откажувајте од личноста која ја сакате. Подготвени сте долго да чекате на нејзината одлука да биде со вас. Проверете ја крвната слика.

Прегледи:
741
Објавено на:
08.10.2019