Кој хороскопски знак ќе има благосостојба во врската, а кого го очекува нова љубов ? Кој ќе ги извршува работните обврски со леснотија, а кој постојатно ќе ги одложува ? Некој ќе има добар финансиски прилив, а друг пак треба да внимава на финансиите, а трет на здравјето. Погледнете каква недела ги очекува хороскопските знаци.
Овен
Малку побавно ќе ги завршувате престојните обврски. Нема потреба од нервози, но немојте ни да се откажете. Најдобро е да направите работен план и да се држите до истиот.
Можни се проблеми со грбот и замор.
Бидете романтични во врската. Слободните нека поминат повеќе време дружејќи се со пријателите.
Бик
Не се плашете да ги изразите своите ставови. Обидете се да го дадете максимумот во искреноста кон другите. Можете да патувате некаде каде што одамна сте сакале. Избегнувајте одложување на обврските. Следете ги своите чувства и пофалете се себе си за секој успех.
Близнаци
Вредни сте. Можеби ќе се појават некои трошоци кои не сте ги подмириле, па ќе биде потребно сега да го направите тоа. Многу е важно да пронајдете поинаков пристап кон работите, за да не се нервирате ако не оди се по планот.
Бидете креативни затоа што овој период е совршен за промени. Имате многу шанси да започнете врска, но не сте заинтересирани. Зафатените пак, пожелно е да заминат на кратко патување со партнерот.
Рак
Во овој период повеќе ќе се посветите на љубовниот живот отколку на професионалниот. Можна е соработка со личности со кои и порано сте соработувале. Можеби ќе бидете побавни од порано, а не е чудно и да наидете на препреки на патот. Слушајте ја својата интуиција затоа што на тој начин полесно ќе донесувате добри одлуки. Некоја личност од минатото можеби повторно ќе се појави. Размислете дали приказните од минатото би ви годеле во сегашноста.
Лав
Се прашувате дали е потребно да направите пауза од се. Често имате премногу обврски и сакате само да се одморите од се. Слушајте се повеќе себе си и следете ги своите чувства. Не се преморувајте. Телото и умот ќе ви бидат благодарни. Вежбајте, медитирајте, поминете повеќе време во природа. Бидете креативни.
Што се однесува до љубовта, слободни, склони сте кон авантури. Зафатени, можете да го поправите односот со партнерот.
Девица
Атрактивни сте и имате вишок на енергија. Сакате да направите се што не сте успеале до сега. Излезете од зоната на удобноста и променете некои лоши навики, така ќе бидете повеќе расположени и поефикасни во сите сфери на животот.
Ќе бидете помалку напнати, а ќе го разбистрите умот од секојдневните грижи. Ако гледате дека покрај некои луѓе не се чувствувате пријатно, не го запоставувајте тоа чувство.
Партнерот може да биде нервозен ако сте во врска. Ако сте слободни, може да запознаете повеќе личности кои ќе ви се допаднат.
Вага
Сега е време за промени, посебно доколку сакате да направите некоја поголема реорганизација во животот. Тоа се поврзува со партнерските односи, соработките со другите и новите прилики. Треба да искористите се затоа што токму сега е најсовршеното време за промени.
Се што сте одложувале, сега ќе ја зголеми бризината. Многу полесно ќе функционирате со партнерот во однос на претходно. Слободни, не брзајте со влегувањето во нова врска.
Скорпија
Многу сте романтични, но и пречувствителни. Сепак, немојте да си дозволите премногу да го идеализирате партнерот. Обидете се да дадете се од себе си и да бидете реални и да не пронаоѓате проблеми таму каде што ги нема. Сега е период кога ништо не е така како што изгледа, па затоа држете се до фактите. Слободони, можно е важно познанство на јавно место.
Што се однесува до односите со другите, важно е да размислите зошто нешто ве погодува и како да избегнете реакција заради однесувањето на другите луѓе. Не вклучувајте премногу емоции во работата, поставете приоритети и бидете посериозни.
Стрелец
Се чувствувате одлично. Јупитер започна ретроградно, па ќе ви даде уште една шанса да напредувате и да направите се за што не сте имале време до сега. Не сте успеале да ги завршите сите обврски на време затоа што сте се забавувале или пак сте патувале, но тоа е сосема вообичаено за вас.
Ако сакате да направите некоја промена многу важно е да имате повеќе самодоверба на работа. Дадете шанса и на некој нов проект, можеби ќе има успешна соработка. Луѓето за соработка избирајте ги весели и слични на вас и ќе немате никаков проблем.
Јарец
Треба да поставите нови цели. Ќе ви биде се полесно, помалку стресно и ќе бидете повеќе опуштени. Комуникативни сте и многу повеќе позитивни од вообичаено. Романтични сте и имате желба за љубов. Ако сте зафатени, тогаш сигурно ќе чувствувате потреба да поминувате многу повеќе време со партнерот.
Водолија
Потребни ви се повеќе слобода и простор од вообичаено. Ве гушат обврските. Партнерот можеби би ви ги ограничувал тие потреби, а на тој начин би настанале проблеми. Ако сте слободни, ќе сакате да бидете сами.
Бидете посветени на работата, но оваа недела не започнувајте ништо- само завршувајте ги започнатите обврски. Ќе имате одлично финансиско салдо.
Риби
Можеби се уште сте малку пасивни, но имате добра волја. Добивате многу комплименти за изгледот и тоа влијае на вашето расположение. Романтични сте затоа што Венера се уште е во вашиот знак, па затоа искористете го овој период да го подобрите љубовниот живот.
Ако се укажат некои непредвидени околности за патувања или промена на работата, не ги одбивајте. Не е доволно да се надевате дека работите ќе се решат самите од себе, морате и вие да поработите на тоа нешто да се промени.