Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 11-12 АПРИЛ 2020 ГОДИНА

Девицата има неочекувани новости, Вагата е многу мотивирана, Бикот ужива во промените, Водолијата внимава на исхраната.

ОВЕН

Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни се нови познанства, но и понатаму не наоѓате личност која може да го види она што вие го барате. Проблеми со синусите.

БИК

Денес ќе бидете во центарот на вниманието поради успехот на деловно поле во изминатиов период. Може да очекувате заеднички живот со саканата личност. Доаѓа време за убави промени. Водете сметка за забите.

БЛИЗНАЦИ

Нови околности ќе влијаат врз вас негативно. Можно е да ви треба подолг период да се прилагодите. денес вашите брачни проблеми се особено нагласени, па ситуацијата со саканата личност доаѓа до влошување. Проблеми со кичмата.

РАК

Ве очекува можност да се докажете и да ги остварите посакуваните желби на работното место. Продолжете да ги негувате своите амбиции. Денес конечно ќе и дадете до знаење на саканата личност како ја замислувате заедничката иднина. Одлично се чувствувате!

ЛАВ

Одлично се снаоѓате во вашата работа моментално и не би требало да имате било какви проблеми овој период. Можеби со саканата личност ќе дојде до некои компликации. Сѐ може да се реши ако имате трпение. Внесувајте повеќе течности.

ДЕВИЦА

Носењето нови одлуки на деловно поле не ви оди многу лесно. Имате впечаток дека некои околности се против вас. Доколку сте во врска или брак, со саканата личност ќе имате некои неочекувани случувања. Немате проблеми со здравјето.

ВАГА

Многу сте мотивирани да ги направите промените на деловно поле кои ги планирате некое време. Денес ве очекува интересен повик од личност која ќе ви се додворува директно. Се чувствувате одлично.

ШКОРПИЈА

Може да престанете да се грижите бидејќи конечно ќе дојдат до вас убави вести кои долго време ги посакувате. Денес ве очекува започнување контакт со личност која ви се допаѓа. Полни сте со енергија!

СТРЕЛЕЦ

Денес сѐ ви оди од рака. Ако планирате било какви нови проекти или промени, вложете во тоа! Може да очекувате активирање на полето на флертот и многу нови запознавања. Проблеми со бешиката.

ЈАРЕЦ

Не можете лесно да најдете заеднички јазик со соработниците. Не е секој подготвен да го вложи истиот напор во работата како вас. Ви се допаѓа личност која е воздржана кон вас е делува срамежливо. Чувствителни синуси.

ВОДОЛИЈА

Започнување на нов проект ви делува како добра идеја. Подготвени сте да се посветите на новите случувања на ова поле. Вашиот однос со саканата личност не е добар како порано и полека се губите еден со друг. Внимавајте на исхраната.

РИБИ

Денес бидете внимателни со какви ризици се соочувајте и внимавајте да не дојде до некоја материјална штета. Можеби ви се допаѓа личност која нема лесно да ја освоите, но подготвени сте да се потрудите да го најдете патот до неа. Проверете ја својата диоптрија.

Прегледи:
572
Објавено на:
10.04.2020