Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 11-12 ЈАНУАРИ 2020

Вагите треба да го чуваат срцето, Бикот да намали со алкохолот, Овенот е сомничав, а Шкорпијата е под притисок.

ОВЕН

Ве очекува солидна ситуација. Работата ви оди во стабилен правец и сѐ е во најдобар ред. Иако партнерот го тврди спротивното, неговото однесување за вас е сомнително и сметате дека постои уште некој. Склони сте кон воспаленија.

БИК

Поволен ден ако сте планирале некое патување. Генерално можете да очекувате дека ќе имате среќа во работата. Сега се наоѓате во малку потежок период на љубовно поле, па ги преиспитувате своите одлуки. Намалете со консумацијата на алкохол.

БЛИЗНАЦИ

Имате пред себе многу обврски, па затоа е важно добро да се организирате и да се посветите на работата. Може да се надевате на многу позитивни промени на полето на љубовта. Ве очекува добра фаза на ова поле. Мал пад на имунитетот.

РАК

Може да имате трема и да не ви е лесно да пронајдете енергија и доволно самодоверба за нов деловен почеток. Поволен ден за љубов, пред вас е период во кој ќе бидете среќни со партнерот. Болки во долниот дел од телото.

ЛАВ

Пред вас е можност за напредок. Сега е моментот кога треба да ја покажете својата упорност. На вашиот партнер му се допаѓа вашата посветеност. Убаво се чувствувате кога сте заедно и љубовното поле ви е сосема стабилно. Психосоматски проблеми.

ДЕВИЦА

Имате можност да прифатите понудата која сте ја добиле и да продолжите да ја развивате вашата работа во добра насока. Можни се и чести несогласувања со саканата личност. Денес ќе почувствувате мал пад на енергијата.

ВАГА

Очекувајте промена во вашата работна околина за која сѐ уште не сте сосема подготвени. Саканата личност можеби ќе ви покаже дека е подготвена заедно да го решите тој проблем. Можни се помали проблеми со срцето.

ШКОРПИЈА

Можно е да немате добра комуникација со колегите и тоа да ви создава сѐ поголем притисок. Ве очекува ден кога на љубовно поле може да доживеете интересни случувања. Кожата ви е чувствителна и подложна на иритации.

СТРЕЛЕЦ

Ова не е многу поволен ден, па потредете се да не ризикувате во било која смисла. Сакате да ја освоите личноста која ви се допаѓа и нема да престанете да се обидувате додека не успеете во тоа. Избегнувајте алкохол и други пороци.

ЈАРЕЦ

Време е да се соочите со потешкотиите кои ве очекуваат. Нема да постигнете ништо доколку бегате од проблемите. Имавте некои дилеми околу тоа дали да и пријдете на личноста која ви се допаѓа, а денес сте особено емотивни.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате стабилизација на финансиско поле и ќе успеете да остварите позитивни пресврти. Стабилната љубовна ситуација ви дава душевен мир. Задоволни сте од односот со партнерот. Проблеми со забите.

РИБИ

Ве очекува многу поволен ден во кој ќе имате можност да ги реализирате своите деловни планови. Ќе запознаете нова личност која ќе го разбуди интересот и љубопитноста кај вас. Се чувствувате добро.

Прегледи:
627
Објавено на:
10.01.2020