Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 12-13 ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА

Овенот е емотивно незадоволен, Вагата нема дилеми за своите чувства, среќата е на страната на Рибите.

ОВЕН

Делувате расеано иако не сте такви. Пред вас е период во кој тешко ќе прифаќате одговорност. Емотивно сте незадоволни и пред вас е една голема дилема – да си отидете или да останете. Можни се проблеми со циркулацијата.

БИК

Можеби овој викенд ќе направите грешка која негативно ќе се одрази на вашата деловна ситуација. Партнерот се обидува да ви ги објасни грешките кои ги правите кон него. Проблеми со главата. Посетете доктор.

БЛИЗНАЦИ

Можеби не ви е лесно да донесете некои деловни одлуки и некои дилеми ве кочат денес. Доколку имате партнер, ве очекува поволен ден во кој ќе го поправите меѓусебниот однос. Хронични тегоби.

РАК

Можеби сега не ви одговара да се занимавате со работа во која се вклучени група луѓе, подобро е на обврските да им се посветите сами. Доколку сте планирале некој сериозен разговор со саканата личност, сега е моментот за тоа. Чувајте се од повреди.

ЛАВ

Најдобро е овој викенд да избегнувате било какви деловни обврски за да не дојде до некоја штета. Внимавајте да не претерате со љубомората која почнува да ве оптеретува. Посетете доктор поради контрола.

ДЕВИЦА

Можно е викендов да имате некоја помала штета на работа. Водете сметка за своите обврски. Можеби подолг период сте осамени и повеќе не сакате да се чувствувате така. Избегнувајте алкохол.

ВАГА

Максимално сте ангажирани и работата ви е на прво место. Ве очекува период во кој нема да имате никакви дилеми околу емоциите, знаете кого сакате покрај себе. Потребна ви е поинтензивна физичка активност.

ШКОРПИЈА

Ќе бидете генерално опуштени и подготвени да се посветите на својата работа на еден смирен и зрел, одговорен начин. Имате добар однос со саканата личност и среќни сте кога сте заедно. Ве очекува поволен ден. Добро се чувствувате.

СТРЕЛЕЦ

На некој начин сте оптеретени со грижи и проблеми. Пред вас е период во кој нема да биде лесно да ги решите. Ново познанство ве очекува кое може да внесе среќа и возбуда во вашиот живот. Можна е силна главоболка.

ЈАРЕЦ

Можни се значајни финансиски пресврти во наредниот период. Ве очекува подобрување на ситуацијата. Ќе имате викенд кој не е премногу поволен за љубов. Можеби не ви е лесно да се разберете со партнерот. Зголемен апетит.

ВОДОЛИЈА

Ќе бидете многу напнати и нервозни што може негативно да се одрази на вашето деловно опкружување. Кога станува збор за љубовта, пред вас е фаза во која може да имате некои поголеми дилеми. Проблеми со циркулацијата.

РИБИ

Викендов ќе имате позитивни околности на деловно поле и среќата ќе биде на ваша страна. Ви се допаѓа личност која неодамна сте ја запознале и полека смислувате начини како да и се приближите. Можна е несоница.

Прегледи:
442
Објавено на:
11.10.2019