Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 13 И 14 НОЕМВРИ

Бикот остава добар впечаток, Ракот менува работа, Девицата е озборувана од страна на колегите, Стрелецот е во кавга, Рибите се полни со енергија.

ОВЕН

Слободно спротиставете се на туѓото мислење бидејќи на крај ќе докажете дека сте биле во право. Постои можност со саканата личност да изградите стабилен и добар однос ако разговарате искрено во врска со сѐ. Здравјето е во ред.

БИК

Ќе оставите многу позитивен впечаток при нов деловен разговор. Може да очекувате поволна фаза на работа. Личност која живее во ваша близина ќе покаже дека има желба да бидете повеќе од пријатели. Проблеми поради исцрпеност.

БЛИЗНАЦИ
Не е поволен период да носите нови одлуки на деловно поле. Сѐ укажува на тоа дека е можно да направите грешка. Прилично сте ладни кон саканата личност и не ви е лесно да покажете што ве повредило. Избегнувајте слатки.

РАК

Промена на работата е пред вас. Може да се надевате на многу позитивен период за нови случувања и заработка. Напнатата атмосфера ве оптеретува и не можете повеќе да издржите во врската во која кавгите се константни. Можни се проблеми со колковите.

ЛАВ

Ве оптеретуваат ситници кои не сте успеале да ги решите на ова поле. Многу работи ви создаваат притисок. Не ви се допаѓа ставот кој го зазема саканата личност и тешко ви е да се помирите со некои работи. Проблеми со уринарниот тракт.

ДЕВИЦА

Сакате по секоја цена да покажете на работа дека сте подоминантни од другите и дека на некој начин победивте. Обидете се да не обрнувате внимание на трачевите кои кружат околу вас. Важни се само емоциите. Болка во грлото.

ВАГА

Сметате дека дојде време полека да ја менувате работата. Имате впечаток дека на моменталното работно место не можете да напредувате. Потребна ви е поголема флексибилност и став кон саканата личност. Проблеми со синусите.

ШКОРПИЈА

Склони сте кон започнување на кавги со личност со која имате блиска соработка бидејќи не сака да работи онака како што и кажувате вие. Не умеете на вистински начин да ги покажете своите емоции и вашиот негативен став го одбива партнерот. Потребен ви е сон.

СТРЕЛЕЦ

Немојте премногу да се потпирате на другите луѓе и потрудете се сами да ја завршите работата која е пред вас. Премногу сте склони кон кавги и тензии, па поради тоа партнерот може да почне да го избегнува вашето присуство. Можни се проблеми со црниот дроб.

ЈАРЕЦ

Поволен викенд ако се занимавате со административна работа или ако чекате било каков документ. Имате можност да бирате со кој ќе бидете, додворувачите постојано ви се појавуваат. Емотивното поле ви е многу возбудливо. Ве мачи кашлица.

ВОДОЛИЈА

Имате финансиски проблеми и не знаете кому да се обратите за помош. Имате впечаток дека сите околности се против вас. Можно е да не можете да се контролирате и на саканата личност пребрзо да и изразите љубов. Не се чувствувате добро поради стрес.

РИБИ

Се наоѓате пред нова, важна животна одлука во која ќе мора да покажете колку всушност сте созреале. Можно е помеѓу вас и саканата личност атмосферата да не е многу поволна веќе некое време и тоа многу ве боли. Полни сте со енергија.

Прегледи:
1658
Објавено на:
12.11.2021