Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 4-5 ЈАНУАРИ 2020 ГОДИНА

Вагата не треба да ги споделува своите проблеми со колегите, Стрелците треба да преземат чекор да ја освојат личноста која им се допаѓа, Водолијата е неодлучна кога станува збор за љубовта.

ОВЕН

Скоро за сѐ сте сигурни во себе, освен за една работа. Кога станува збор за љубовна врска вие се чувствувате прилично несгигурно. Можеби затоа што не знаете како да постапите. Добро размислете што сакате, пред да продолжите понатаму.

БИК

Потрудете се да размислувате малку поразумно кога се работи за љубовта и романсата. Можеби ќе треба да бидете малку повнимателни за да го добиете она што го сакате. Во главно, ова ќе ви биде еден од чудните денови, едно ќе правите, а друго ќе мислите.

БЛИЗНАЦИ

Љубовта и романсата претставуваат вистинско коцкање за вас. Морате да преземете одредени мерки со цел да се најдете на иста бранова должина како и вашиот партнер. Во овој момент здравјето ви е добро, но внесувајте повеќе течности.

РАК

Што се однесува на љубовен план, работите се одвиваат токму како што сакавте вие. Денес, треба да обратите внимание на некој ваш близок кој ќе проба да манипулира со вас.

ЛАВ

Изгледа дека на љубовен план работите не испаѓаат онака како што сте испланирале. Можеби чекате вашиот партнер да го направи првиот чекор, бидејќи не знаете во која насока се одвива вашата врска. Поразговарајте со него во врска со тоа и престанете да играте игри.

ДЕВИЦА

Денес способноста за брзо донесување заклучоци и вербалната вештина, ќе ви помогнат во многу ситуации кога некој ќе сака да ве бутне на маргините од целата ситуација. Ќе бидете снаодливи како во разговорите, така и во работните активности.

ВАГА

Одвојте го приватниот од работниот живот. Не ги споделувајте вашите интимни проблеми со колегите на работа, бидејќи некој може тоа да го искористи против вас. Исцрпеноста и заморот ќе бидат причината за вашата пречувствителност.

ШКОРПИЈА

Денес ќе размислувате позитивно и исправно ќе постапите во неколку ситуации. Еден настан ќе ве наведе да размислувате за себе, вашиот карактер и однесувањето спрема партнерот. Можна е мала расправија со некој близок.

СТРЕЛЕЦ

Личноста која сакате да ја освоите нетрпеливо чека вие да го преземете првиот чекот и да ја поканите на состанок. Можеби денес планиравте да се подновите, или пак да купите нешто за празниците, но сепак, не трошете повеќе отколку што можете да си дозволите.

ЈАРЕЦ

Денес направете сѐ што сте замислиле, исполнете ги вашите цели, протуркајте ги ваашите идеи, освојте го оној кој ви се допаѓа! За оние стрелци кои не се во врска, денешниот ден можеби ќе биде пресуден за ново заљубување.

ВОДОЛИЈА

Малку сте неодлучни кога станува збор за љубовта. Во ред е да имате цели и очекувања од тоа каков треба да е вашиот партнер, но во ред е некогаш и да не бидат исполнети, не бидете премногу строги. По работното време, излезете со пријателите.

РИБИ

Вашиот партнер можеби ќе сака малку поголема слобода во врската, додека пак вие ќе сакате нешто посериозно. Сепак, одете полека и не планирајте работи кои не можат да родат плод, туку само ќе ве разочараат.

Прегледи:
622
Објавено на:
03.01.2020