Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 5 И 6 ФЕВРУАРИ 2022 ГОДИНА

Близнаците ќе  запознаат личност која ќе им се допадне, Вагата ќе стави точка на врската што ја оптеретува, за Јарците време е за промени.

 

ОВЕН

Факторот среќа е на ваша страна и би било добро да го искористите викендот за решавање на дилемите во врска со работите за кои досега не најдовте решение. Доколку сте во врска може да очекувате убав викенд. Здравјето е добро.

БИК

Ве чека тежок викенд во кој најдобро да ги избегнете сите ризични ситуации и носењето на големи одлуки. Тешко ви е да се соочите со некои работи и бегате од сѐ. Истото важи и за вашиот партнер. Пролеми со главоболка.

БЛИЗНАЦИ

Бидете внимателни и со резерва прифаќајте сѐ што некој се обидува да ви наметне. Во кругот на вашите пријатели ќе се појави личност која ќе ви се допадне. Зголемете го внесувањето на магнезиум и калциум.

РАК

Не дозволувате било кој да ви се меша во работата или да ви говори што да правите бидејќи сте многу сигурни во своите способности. На својата околина и делувате арогантно. Можеби ќе запознаете личност која ќе ви го промени животот. Здравјето е одлично.

ЛАВ

Викендот е особено поволен за вас на финансиско поле. Може да очекувате успех ако сте занимавате со било какво вложување. Лошите искуства кои сте ги имале во претходната врска оставила во вас длабока трага. Имате многу енергија.

ДЕВИЦА

Викендов ве очекуваат помали компликации, но сигурно ќе ги решите доколку останете смирени. Не избрзувајте во никој случај. Ќе ви биде потребно многу време да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Колената ви се чувствителни.

ВАГА

Успехот ви е на дофат. Доколку викендов секој потег го повлечете промислено ќе имате доста причини да бидете задоволни и горди. Одлучивте конечно да ставите точка на врската која долго време ве оптеретува. Опуштете се со масажа.

ШКОРПИЈА

Проблемите кои ве маќат ќе ги решите многу полесно отколку што очекувате. Ова е многу поволен период на деловно поле. Една личност почнува да го окупира вашето внимание повеќе од било кој досега. Се чувствувате добро.

СТРЕЛЕЦ

Се наоѓате под голем стрес и се грижите за очекувањата кои не сте успеале да ги исполните. Се прашувате какви последици ќе има тоа по вас. Ве очекува многу убаво ново познанство во блиска иднина. Јадете редовно.

ЈАРЕЦ

Бидете подготвени на изненадувања. Дојде крај на статичната атмосфера која владееше во вашето работно опкружување и доаѓа време за промени. Вистинско време е да се смирите со саканата личност. Психосоматски проблеми.

ВОДОЛИЈА

Ви станува јасно дека некои проблеми нема да можете сами да ги решите во најбрз рок. Размислувате на кој пријател или колега да му се обратите за помош. Денес е добар ден за нова врска. Склони сте кон меланхолија.

РИБИ

Добивате сѐ повеќе нови наредби и вашиот недостиг на дисциплина и послушност моментално е најголемиот проблем на вашето работното место. Периодот кој ви претстои е многу поволен за вас на љубовно поле. Викендов ве чека убаво изненадување. Бавете се со спорт.

Прегледи:
880
Објавено на:
04.02.2022