За Близнаците доаѓа период во кој ќе треба да бидат многу внимателни, Вагите имаат можност за добра соработка, Водолијата треба да ги избегне несаканите контакти.
Овен
Организираност, смиреност и оптимизам. Тоа ви треба денес. Времето нема да ви стаса за се, но барем направете го најважното. А за тоа што нема да успеете да го завршите побарајте помош од соработниците.
Бик
Не ви недостасува енергија, ви недостасува организација. И како такви, делувате хаотично и се префлате од една на друга работа. На овој начин нема да стасате никаде, најдобро е да направите некој нов систем на работа.
Близнаци
Не секогаш работите завршуваат добро ако започнат добро, независно што велат филмовите. Денес бидете винимателни и не идеализирајте ниту настани, ниту пак луѓе. Доаѓа период во кој ќе мора да бидете многу внимателни. Околината е разочарана од вашите постапки.
Рак
Најважни проблеми за вас ќе бидат личните проблеми. Комуницирајте со околните, сослушајте ги и проценете! Имате човек со кого можете да ја споделите вашата вознемиреност и да добиете позитивен одговор. Најважно е да процените кој е човекот.
Лав
Не ги ставајте на срце советите од страна. На професионален план следете ги правилата, а на личен план почитувајте ги желбите на блиските. Ве очекува бурен период, постапувајте промислено.
Девица
Најверојатно ќе ја зачудите околината со вашите реакции. Во момент кога очекуваат да сте спокојни, трпеливи и деликатни вие ќе реагирате апсолутно директно па дури и напаѓачки. А тогаш кога би требало да бидете такви, ќе одговорите со насмевка. И така е најдобро.
Вага
До предпладне времето ќе ви биде исполнето со состаноци и контакти. Дел од нив се исцрпувачки и бесполезни. Независно од тоа, сепак ќе го задржите доброто расположение. Имате можност за солидна добивка.
Шкорпија
Некое неисполнето ветување ќе ве демотивира и тоа на непријатен начин. Не обидувајте се да ја отфрлите одговорноста. Најдобра вистинска реакција ќе биде да си ја признаете грешката со насмевка и да се потрудите да ја поправите.
Стрелец
Кратко патување и маргинална службена манифестација. Ќе имате недостаток на време, но тоа нема да предизвика речиси никакви емоции, освен можеби блага досада. Но, бидете спокојни -тоа ќе трае кратко.
Јарец
Ќе треба да средите некакви семејни или роднински проблеми. Не ви влијаат директно но ќе треба да вложите напори за да спречите посериозни конфликти. На работното место заостанувате со проектите, искоритете го претстојниот викенд и завршете ги.
Водолија
Започнете го денот со ситни задачи. Сериозните ќе бараат многу повеќе концентрација и претежно самостојна работа без мешање од страна. Избегнете ги несаканите контакти. Семејството очекува премногу од вас, не се разочарувајте.
Риби
Желбите ви се нејасни, намерите – уште повеќе. Денес сте склони да се движите во тек со работите. На личен план е добро да работите индивидиуално, додека за службените прашања е најдобро да се консултирате со вашите колеги.