Го подобрува расположението и некогаш навистина претставува најдобра утеха, а сега откриваме зошто треба што почесто да јадеме чоколадо!
Многумина животот не можат да си го замислат без чоколадо, без разлика дали го консумираат како топол напиток или во колачи и торти, она што посебно ќе ве израдува е дека можете да го консумирате без грижа на совест, бидејќи според стручњаците чоколадото е здраво!
За овој пресврт заслужни се магичните состојки под име полифеноли и процијанидин. Токму тие состојки се наоѓаат на врвот на листата на антиоксиданси, а какаото т.е. чоколадото изобилува со нив.
Она на што треба да се обрне внимание е начинот на кој овие состојки се употребени во процесот на подготвување на десертот. Зголемената pH вредност на слатките може драстично да ја намалиактивноста на какаото, односно чоколадото.
Во прилог на оваа информација, овие омилени слатки стануваат уште поздрави ако им се додат и намирници како што е грозјето, брусницата, боровинките, јаболко и цимет, кои исто така се богати со слични здрави состојки и соодветни токму за овој период од годината.