Категории

Срцепарателно писмо: Понекогаш, полесно е да ги кажеш своите маки на тотален странец

Постојат мали моменти во животот на секој човек, што, на крајот на краиштата го дефинираат. Еден човек шетајќи низ аеродромот во Сан Франциско, нашол едно писмо на кое пишувало „прочитај ме“. Кога го отворил писмото, во него нашол подарок за кој воопшто не очекувал.

Вака изгледа писмото однадвор:

Во писмото пишува:

Неодамна излегов од емоционално насилна врка. После месеци и месеци навреди, лажни обвинувања, лаги, ноќни војни… си заминав. Знам дека бев бев затруена од врската секој ден додека бев во неа. Затоа, со тешко срце, го оставив човекот со кого бев три години, знаејќи дека веќе многу го одолговлекувам раскинувањето. Најпрво ме молеше, а потоа ме колнеше, но, на крај си ги зема торбите и излезе од мојот живот како лош сон. Првите неколку недели, моето тело изгледаше како да го одбива ова. Три години го гледав светот преку него. Не знаев која сум без него. И покрај љубезноста на пријателите, дури и странците. Се чувствував како да сум сама. Но, тоа чувство на осаменост е она што ме ослободи. Се ослободив од сите болни спомени, од сите имиња со кои ме нарекуваше, сите парчиња од него кои останаа во мојот мозок. Престанав да верувам во работите на кои тој ме тераше да мислам. Почнав да гледам колку животот е чудесен и колку може да ти го одземе здивот. Медитирав, пиев премногу кафе, зборував со непознати, се смеев на ништо. Пишував поезија и застанував да го помирисам и да го фотографирам секое цвеќе. Откако открив дека мојата среќа зависи само од мене, ништо повеќе не може да ме повреди. Секој ден сум поблиску од вчера. Јас сум работа во тек, но полна сум благодарност и радост. И значи, откако отворив ново поглавје во мојот живот, сакам мирно да се разделам со содржината од минатото поглавје. Крајот на мојата врска беше катализатор на позитивни промени во мојот живот. Беше симбол, и најважно беше дело на љубов кон себе. Сфатив дека заслужувам да бидам среќна, и одбирам да бидам среќна. Затоа, со цел да ги оставам работите зас мене, се збогувам со моето минато. Ова ланче, кое ми беше подарок од него, го носев секој ден со годнини. За мене, збогување со минатото е среќно изјаснување дека продолжувам напред. Те молам прифати го овој подарок како потсетник дека сите заслужуваме среќа. Кој и да си,  и со каква било болка си се соочил, се надевам дека ќе најдеш мир.

Поздрав,

Џејми