Лоцирана во шума на планината Алмати во Казахстан, архитектот Аибек Алмасов од A.Masow Design Studio го дизајнирал ова модерно бегство од реалноста.
Проектот го носи името „Дрво во куќата“ и е цилиндричен, четири катен, стаклен објект, со дрво во средината.
Кружни бели скалила им овозможуваат на посетителите кои влегуваат во објектот да се искачат до горните спратови и да го видат просторот околу дрвото.
Идејата зад транспарентните ѕидови е да се овозможи спој од материјалите кои ги изработува човекот со природата, притоа да биде бегство од секојдневието без да постои визуелната одвоеност од природата.