Категории

Стан од 37 метри квадратни со сериозна смисла за драма

Смислата за драматичност јасно се пронаоѓа во овој дом од 37 метри квадратни , а она што е најинтересно за него е што во станот буквално нема скапи предмети.

Не би го рекле тоа на прв поглед, нели? Особено кога ќе се погледне на прекрасната и раскошна спална соба, на оваа професорка по глума од Њујорк.

Коко – што е нејзино уметничко име – тврди дека станот во кој живее е чист одраз на нејзината личност. Таа особено сака силни бои, силен гест и креативност. И тоа може да се види од просторијата во просторија.

Сите предмети ја потсетуваат на различни луѓе и настани, и имаат нејзин печат

Имено Коко станува како кираџија во овој стан веќе цели 6 години.

,,Мојата инспирација доаѓа од различни периоди и стилови”, вели Коко. Кога ќе прашате кои се тие извори, таа вели: – Мајка ми, па периодот од 80-тите години на 20-тиот век. Театарот. Боите. Формите. И изненадувањата!