Категории

Стартапот Loyal се обидува да им даде повеќе време за живеење на кучињата!

Стартапот во Сан Франциско, Loyal се обидува да им пружи подолг живот на нашите домашни миленици, кучињата.

Имено, стартапот создава лек којшто ќе оди на клиничко испитување за да потоа може да се појави и во ветеринарните канцеларии до 2026 година.

Лекот е наменет за кучиња од големи раси коишто имаат краток животен век.

Сепак, како и сите други живи суштества и тие нема да бидат вечни.

Лекот може да го забави стареењето на кучињата, но стартапот допрва треба да докаже дека истиот всушност го продолжува нивниот живот.

Иако несаканите ефекти сега засега изгледаат минимални, некои сопственици на големи кучиња се грижат за тоа дали би требало да им се даде на здравите кучиња лек којшто не е докажан како ефикасен.

Се поставува прашање и дали истиот лек може да функционира и за нас луѓето?

Би можело да им некакво влијание, но тестирањето на лекот врз луѓето е бескрајно покомплексен процес.