Категории

Сте слушнале ли за Република Карелија? Овде и камењата се свети!

Република Карелија е федерална единица во склоп на Руската федерација, сместена на самата граница со Финска. Позната е по прекрасната природа, но и по големиот број на мистични места кои на еден залутан турист може да му изгледаат чудно, но на локалните жители им значат многу.

Релјефот во ова место е како од бајка. Планината Вотоваара важи за една од најинтересните во Русија – токму поради специфичниот релјеф. На самиот врв на планната се наоѓа простор од неколку километри квадратни на кои може да ги видите таканаречените камења. Сеита е светиот камен обожаван од народот Саами, а некои велат и дека врвот на планината Вотваара е древно религиско место на нивните шамани.

Камењата на ова место навистина се уникатни, а посебно поради фактот што големи парчињан камења стојат на помали. На целата планина има околу петстотини помали и поголеми камења во различни облици.

Легендите велат дека секој камен има своја душа, па така гордо стојат расфрлени по природата и ја разубавуваат околината. Саамите денес се познати под повеќе имиња – Лапонци, Лапи, Сами, а живеат на подрачјето на денешна Норвешка, Шведска, Финска и Русија.

Низ целиот свет ги има околу 70.00, а познати се по своите верувања и обичаи, лов и риболов, а особено по музиката.

Саамското пеење е еден од најубавите начини на пренесување на емоции, а најпоззнат стил е Јоик- пеење во кое пејачот искрено се идентификува со некој или нешто. Јоик е најстарата техника на пеење.

Прегледи:
892
Објавено на:
17.01.2019