Категории

Стилски мајка и ќерка – Ирина Шајк и Леа главни модни икони на њујоршките улици

Кога руската манекенка Ирина Шајк ќе излезе на прошетка со својата ќерка низ Њујорк, тоа е секогаш стилска лекција која желно ја исчекуваме.

Руската манекенка Ирина Шајк го поминува секој слободен момент со својата ќерка Лео од врската со холивудската ѕвезда Бредли Купер. Прославената манекенка која постигна импресивна кариера е секогаш добро облечена, а се чини дека љубовта кон модата и ја пренесе на својата четиригодишна ќерка.
Ирина се прошета со малата Леа облечена во складни стајлинзи. Трнч палтото е безвременска модна класика што секоја трендсетерка го има во својата гардероба и е добра модна инвестиција, па не е изненадувачки што многу познати љубители на модата, како Анџелина Џоли, го обожаваат и со задоволство го носат во многу прилики.