Категории

Стинг на Градски, како лек за Македонија: На 2. јуни голем музички спектакл за љубителите на квалитетната музика!

Авалон Продукција уште еднаш ќе ја донесе позната британска музичка ѕвезда Стинг, на 2. јуни пред македонската публика на стадионот „Филип Втори“.

Ова ќе биде втор концерт планетарно популарниот пејач во Скопје, по настапот во „ВИП Арената“ во октомври минатата година. Стинг, еден најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња, ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на The Police и од соло кариерата.

Ова е промо видеото за големиот концерт во кое главната улога ја толкува Благој Веселинов, актерот од филмот „Исцелител“, додека режијата е на Томи Акимовски.