Категории

Студија: Најчестите кошмари се поврзани со Ковид-19!

COVID-19 стана и буквален, и фигуративен кошмар за многу луѓе, бидејќи се претвори во борба со здравствени проблеми, економска несигурност и други предизвици. Тим на истражувачи од Финска има докази дека пандемијата е буквално лош сон. Во студија објавена во Frontiers in Psychology, научници користеле вештачка интелигенција да помогне при анализа на содржината на сништата, и откриле дека новиот коронавирус има влијаено врз повеќе од пола од кошмарите.

Истражувачите ги добиле информациите од околу 4000 луѓе во шестата недела на карантинот во Финска.

„Набљудувавме повторувачка содржина на сништата на различни луѓе, која го рефлектираше апокалиптичниот амбиент на КОВИД-19 карантините“ – вика главниот истражувач,  Dr. Anu-Katriina Pesonen, директор на Истражувачката група за сништа и мозок во Хелсиншкиот Универзитет. „Резултатите ни дозовлија да шпекулраме дека сните во екстремни услови, имаат заедничка висуелна претстава и мисловни остатоци, и на овој начин сништата ни покажуваат заеднички мисловен склоп низ индивидуалци кои се најдени во иста ситуација.“

Тимот ги поделил најчестите „соновни кластери“, односно, не целосни соништа, туку фрагменти од соновите кои се повторуваат кај повеќе луѓе. Со тек на истражуањето оформиле 33 соновни кластери. 20 од нив биле кошмари, а од нив 55% имале содржина конкретно поврзана со пандемијата. Темите биле: неможност за социјална дистанца, заразување со вирусот, недостаток од елементи за лична заштита, дистопија и апокалипса.

Во кластерот на неможност за социјална дистанца, елементите вклучувале: гушкање по грешка, поздравување со рака, гужва, забави.

Студијата исто така дава битен поглед во спијачките навики и нивоата на стрес на луѓето низ пандемијата. На пример, повеќе од пола од луѓето спиеле многу подолго, а 10% не можеле да спијат поради анксиозност и/или кошмари. Нивоата на стрес, исто така, биле драстично наголемени. Се смета дека траумата од овој период ќе покаже анксиозност и други ментални растројства на подолг план, како резултат на пост-трауматски стрес.

Прегледи:
572
Категории:
Здравје
Објавено на:
01.10.2020