Ова е рецепт кој сигурно ќе ве воодушеви!
Состојки:
- 3 јајца
- 150 г сирење
- 2 јогурти
- 50 мл масло
- 150-200 г брашно
- 1 прашок за пециво
- сол по потреба
Јајцата изматете го, додадете брашно измешано со прашок за пециво, издробено сирење, јогурт, масло и сето тоа изедначете го. Ставајте ја смесата во калапите за мафини и печете на 200 степени околу 35-40 минути.
Мафин-крофните се одлични и свежи и следниот ден.
Добар апетит!