Категории

Сврти им го грбот на оние кои никогаш немаат време за тебе

Сфати дека не си прв на листата на нивните приоритети туку се наоѓаш некаде на крајот, пред да се понижиш уште повеќе, едноставно заврти им го грбот.

Во тоа е тајната на добриот однос, кога и двете страни се стремат да пронајдат време еден за друг и колку тоа понекогаш да претставува предизвик. Престани да молиш за нечие внимание, да молиш за ронка од нивното време додека ти си спремен да го одвоиш сето свое за да го посветиш на некоја личност. Сфати дека не си прв на листата на нивните приоритети туку се наоѓаш некаде на крајот, пред да се понижиш уште повеќе, едноставно заврти им го грбот.

Не три е потребен некој на кого си му рамо за плачење само во оние мигови кога е потиштен а кога е во надобра состојба заборава на тебе и се однесува како да не постоиш. Не ти е потребен некој кого го интересира тоа колку и што имаш, некој со кого се чувствуваш како да чекориш по минско поле плашејки се дека еден погрешен збор или рекација може да го оддалечи од тебе.

Сврти им го грбот на сите оние кои мислат дека се премногу важни, ценети, пожелни и успешни па нивното време е толку скапоцено што не можат да си дозволат да го потрошат на некој кој не ги исполнува нивните критериуми. Тие ќе бидат првите оние кои ќе се угушат во своите бесконечно високи ѕидови кога самотијата ќе ги стигне.

Цени го своето време и давај им го на оние кои се подготвени да ти го возвратат на ист начин. Оние кои се покрај тебе без оглед на тоа што си направил, кажал или почувствувал. Некој кој ја цени твојата искреност и се чувствува среќен што има можност да биде покрај тебе, дури и ако е тоа само твоето присуство.

Прегледи:
1027
Објавено на:
02.05.2020