Категории

Таа е кралица на стилот: 3 модни заповеди на Оливија Палермо

Секој нејзин моден чекор се следи будно, таа е вистинска модна диктаторка.

Оливија Палермо важи за најголема модна икона на денешницата. Каде и да се појави, таа е најдобро облечената личност. На нејзините модни комбинации ретко кој останува рамнодушен, и на многу дами им е модна инспирација.
Започнала како авторка на еден блог, па со напорна работа денес го заслужи местото на бројни насловни страници. Таа денес ги пишува модните правила, а нејзината работа ја следат армија од фанови.
Речиси никогаш не направила модна грешка, а нејзините совети треба да се послушаат и почитуваат.
Еве кои се нејзините модни заповеди според кои таа се води:

Модн заповед бр.1
Доколку се бавите со работа која бара досаден дрес код, Оливија советува во тој случај да си играте со боите. Правилот: „Не повеќе од три бои“ одамна замина во историјата, но обрнете внимание во вашиот стајлинг, да искомбинирате бои кои одговараат една со друга.

Модна заповед бр.2
Секоја жена која ја следи модата, во својот ормар за чевли мора да поседува црни салонки и чизми до колена кои може да ги комбинира скоро со сите комбинации. Таа верува дека дамите мораат да носат високи потпетици за да изгледаат грациозно. Секако, тоа не се однесува на дневните варијанти.

Модна заповед бр.3
Доколку не сакате да носите црно од глава до пети, Оливија предлага монотонијата да ја разбиете со ташна во некоја впечатлива боја или интересен аксесоар како шешир, накит или пак шминка.

Прегледи:
431
Објавено на:
24.12.2019