Категории

Таа има лице полно со лузни и акни: Блогерка открива како изгледа без и со шминка! (ВИДЕО)

Клои е 19. годишна блогерка од Мелбурн која отворено проговори за својата проблематична кожа. Бидејќи и било срам да ја покажува својата вистинска состојба на кожата на лицето, открила е како со помош на козметички препарати успешно ги крие мааните на кожата.

„Сакам да кажам дека имам многу проблематична кожа и ќе ви ја покажам мојата дневна рутина која ми поага да се справам со проблемот. Знам дека многу девојки се борат со лоша кожа“, вели таа покажувајќи како ги прикрива своите недостатоци.

Додава и дека не е лесно да се пронајде бронзер или руменило без светкави честички и сјај, а всушност, помеѓу останатото и тоа ви треба.

„Сѐ што свети ќе ги истакне вашите акни“, советува таа.