Категории

Те сакам тато. Те сакам со сето мое срце, и со сета моја душа…

Избриши ги сите тие мисли,заборави ги тато.

Немој да мислиш така! Тоа не е вистина! Не е вистина!

Ти не имаш само нас,ние те имаме само тебе!

Знам, дека се може да се случи во животот, ама верувај ми тато никогаш нема да те заменам за друг,никогаш немам да имам друг татко!

Ти си единствен тато!

Ти си само мој! Не те давам на никој друг!

Не сакам да мислам така,ама некогаш ете мораш, на се те тера животот, колку и да сакаш да не мислиш на тоа,мораш..

Јас имам само еден татко и имам само една мајка! Тоа никогаш не може да се смени, тоа е факт, тоа е реченица која што е со договор и која што никогаш нема да се смени, НИКОГАШ!

Живеам за тебе тато! Не сакам да те повредам, не сакам да те посрамотам, не сакам да те уништам и да ти го  упропастам образот!

Никогаш нема да ти го направам тоа!

Секогаш ќе се трудам да правам работи со кои ќе си среќен и задоволен, со кои ќе се гордееш и со кои никогаш нема да се покаеш за тоа што јас ти сум ќерка.

Те сакам тато. Те сакам со сето мое срце, и со сета моја душа.

Колку и да ти кажувам малку е, но доволно само за да знаеш!

Куклата покрај барбиките

1 2

Прегледи:
2473
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
16.01.2016