Категории

Тестенини со брокула во туна: Сигурно ќе ви се допадне овој рецепт!

Варените или потпечени тестенини честопати се наметнуваат како логичен избор за оброк во ова брзо темпо на живот, а уште кога ќе додадеме вкусен сос од брокула и туна, добиваме брз оброк кој ќе не засити.

За здрава варијанта доволно е обичната тестенина да ја замените со интегрална или онаа од хељда, да користите брокула варена на пареа, како и конзервирана туна во саламура (вода) наместо во масло.

Состојки:
(за 4 особи)

  • 400 гр кратки тестенини
  • 1 парче брокула
  • 160 гр туна од конзерва
  • 2 чешниња лук
  • 50 гр рендано сирење
  • 3 лажички маслиново масло
  • 2 лажички сок од лимон
  • сол
  • бибер

Подготовка:

  • Измијте ја брокулата, раздвојте ја на цветови и варете на пареа (околу 7-8 минути)
  • Исцедете ја туната, лукот исечкајте го
  • Во поголем лонец ставете вода, кога ќе почне да врие, додадете лажичка сол и ставете ги тестенините
  • Гответе според упатството на пакувањето на тестенините
  • Загрејте подлабоко тавче, додадете маслиново масло и сечкан лук, по една минута додадете ја варената брокула, малку посолете и побиберите, па залијте со лимонов сок
  • Додадете ја исцедената туна и промешајте со кутлача
  • Залијте со малку вода во која се вари тестенината
  • Сварените тестенини исцедете ги, оставете околу 100 мл вода и ставете ги тестенините во тавчето со брокула и туна
  • Измешајте и залијте со водата каде што се вареле тестенините и додадете половина изрендано сирење

Добар апетит!

Прегледи:
1243
Објавено на:
12.02.2019