Категории

,,Ти Благодарам Господи, без твојата моќ и подадена рака ова не би го преживела!” – Биљана по ПОБЕДАТА над коронавирусот

Скопјанката Билјана по 33 дена лекување на Инфективната клиника, вели дека здравјето, љубовта кон семејството и взаемната сила се највредното нешто.

„Пациентите ти се пријатели и цимери, а докторите, сестрите и болничарите фамилија. Секој ден се будиш со мисла за победа, победа која ни малку не е лесна! Искушение кое ме научи дека здравјето и љубовта кон семејството и взаемната сила се највредното нешто. Патешествие кое ме натера да влезам во оној друг свет, свет на доктори и сестри кои со последните свои атоми се грижат и даваат се од себе за секој пациент. Трчаа, неуморно трчаа и се бореа, се бореа и за мене и благодарени на нив сега сум назад во надворешниот свет, во оној понормалниот. Но, со другиот дел од себе, останав таму. Таму сум и сега со мислите, со сите Вас кои се борите за живот. Ви оставив позитивна мисла и сила колку што можев за да успеете сите, како што успеав јас! А, за Вас кои сеуште живеете без ваква победа, би сакала да ве посоветувам носете маски, држете растојание и чувајте си го здравјето и заштитете ги вашите најмили!“– потенцира Билјана.
Инаку, скопјанката Билјана Тасева е училителка во основното училиште „Љубен Лапе“ во Скопје и таа е еден од пациентите кој ја добил „битката“ со коронавирусот. За ова информираше нашиот министер Венко Филипче со објава на социјалните мрежи.

Големо БРАВО за нашиот херој Биљана!

Прегледи:
690
Објавено на:
19.10.2020